- Вилаш-Боаш: Тотнем не подготвува фудбалери за други тимови
Менаџерот на Тотнем, Андре Вилаш-Боаш ја коментира изјавата на агентот на Влад Кирикеш, дека неговиот клиент ќе го искористи преминот во Тотнем како отскочна даска за трансфер во Челси.
"Очигледно е, дека коментарите на агентот на Кирикеш апсолутно не одговара на реалноста. Го замолив Влад да разговарал со агентот за неговите зборови. Ние се сметаме за голем клуб и не подготвуваме играчи за други тимови. Не очекуваме, дека агентот на Кирикеш ќе се откаже од зборовите, но нагласувам, дека ваквите изјави се неприфатливи", изјави Вилаш-Боаш.
- Два гола на Реми го донесоа триумфот на Њукасл во Кардиф
Њукасал со 2:1 го совлада Кардиф сити на гостински терен. Гостите го започнаа подобро натпреварот и заслужено дојдоа до предност од два гола. Во 30-та минута Реми добие топка од Муса Сисоко и со шут со десната нога од околу 25 метри, ја прати топката во долниот лев агол на голот на Маршал. Само осум минути потоа вранцузинот го зголеми водството. Голманот на Кардиф одбрани удар на Сисе, но Реми дојде до топката и погоди смирено за 0:2. По паузата во 58-та минута, Одемвинге намали со својот прв гол за Кардиф. До крајот "страчки" успеаја да ја задржат предноста и да победат. Така конечниот резултат на крајот гласеше Кардиф 1:2 Њукасл.
Хал Сити не успеа да постигне втора последователна победа на свој терен, одигра реми без голови со Астон Вила. Бирмингемци имаа рана можност да поведат во резултатот, кога Андреас Вајман добиете топка во шеснаесетникот на Хал, но шутна неточно. Потоа Ахмед Елмохамади од домаќините центрираше за Дани Греам, но Рон Влар успеа да интервенира пред напаѓачот на Хал. Габриел Агбонлахор имаше не лошо шанса за Вила, откако помина двајца дефанзивци на противникот , но не и голманот.
Вајман омаше нова можност за Вила, откако деганзивец на Хал не ја исчистија добро топката во корнер, но австрискиот напаѓач не беше прецизен. Опасен удар на Том Хаделстоун за Хал, беше спасен од Брад Гузан. Првата шанса за вториот дел ја имаше Вила. Леандро Бакуна помина двајца дефанзивци на Хал , пред да додадеи кон Агбонлахор, но тој сртрелаше непрецизно. Хаделстоун повторно ја проба својата среќа за Хал со удар од границата на казнетиот поле, но не беше прецизен. Потоа беше ред на Карим Ел Ахмади, кој доби во добра позиција, но Алан Мекгрегор интервенираше. Сличен шут на Ел Ахмади беше спасен и во дополнителното време и така двата тима ги поделија бодовите со конечен резултат 0:0.
- Шампионите најдоа нов херој против последниот Сандерленд
Младиот играч Аднан Јанузај стана нов херој за шампионот на Англија Манчестер Јунајтед при гостувањето на последниот тим на табелата во Премиер лигата, Сандерленд. 18-годишниот белгиец ги постигна и двата гола за "црвените ѓаволи" во 55-та и 61-та минута, за да го оформи комплетниот пресврт за својот тим при гостувањето на Сандерленд. И двата погодока за младиот талент дојдоа по паузата, кога тимот на Дејвид Мојс дефинитивно го надигра својот ривал и заслужено стигна до пресврт .
Крилото на Сандерленд Крег Гарднер му даде аванс на својот тим против Манчестер Јунајтед по само пет минути игра на " Емирати оф Лајт ". Тоа беше се што реализираа домакините. Така конечниот резултат на крајот гласеше Сандерленд 1:2 Јанузај односно Јунајтед : ))).
- Фулам оствари втора победа и излезе од зоната зна испаѓање
Фулам ја постигна втората победа од почетокот на сезоната, победувајќи го Стоук Сити со минимален резултат од 1:0. Благодарение на успехот избраниците на Мартин Јол го зголемија бодовното салдо на седум поени и засега излегоа од зоната за испаѓање. Единствениот гол го реализира Дарен Бент (83'), кој претходно го замени повредениот Димитар Бербатов. Уште не е јасно каква е состојбата на бугаринот и колку време ќе треба за да се врати на теренит. Овој меч како и што се очекуваше, беше со бавно темпо поактивна игра на Стоук, но сепак на крајот заврши со минимална победа од 1:0 на Фулам.
- Ливерпул го победи Кристал Палас за едно полувреме
Тимот на Ливерпул се искачи на првото на табелата во Премиер Лигата, откако постигна петта победа во шампионатот со 3:1 над Кристал Палас на својот " Енфилд". Избраниците на Брендон Роџерс направија фантастично прво полувреме во кое поведоа со 3:0, а пропуштија уште неколку можности да постигнат уште голови во голот на Хулио Сперони. "Најопасна двојка во напад", како што ја опиша Роџерс, Луис Суарез и Даниел Стариџ, повторно го казнија противникот, како и двајцата напаѓачи на Ливерпул се запиша во листата на стрелците во за 2:0, а Стивен Џерард постигна гол од пенал во 38 -тата минута за 3.0. Резервата на гостите Двајт Гејл го постигна почесниот погодок за "орлите" во 78 -тата минута. За да го постигне и конечниот резултат на натпреварот Ливерпул 3:1 Кристал Палас.