Tuesday, 30 July 2013

КАРАГЕР СО КОМПЛИМЕНТИ ЗА КОЛО ТУРЕ

-  Карагер: Коло Туре е успешен трансфер за Ливерпул

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул Џејми Карагер упати одобрување за трансферот на дефанзивецот Коло Туре.
"Главниот квалитет на Коло Туре е неговото искуство и менталитет на победник. Тој беше дел од" непобедливиот "Арсенал, а тоа зборува многу. Играше за Манчестер Сити, а сега премина во Ливерпул. Без никакви услови, Туре ќе биде корисен за тимот, во тоа не може да има сомневања".
"Тој може да игра на позицијата централен дефанзивец, знае како да постапи по шема со тројца дефанзивецот, а во случај на потреба може да делува и на крилна позиција во одбрана. Брендон Роџерс оствари еден многу успешен трансфер", изјави Џејми.

МИЧУ: ТРАНСФЕРОТ НА БОНИ ЌЕ МЕ НАПРАВИ УШТЕ ПОСИЛЕН

-  Мичу: Трансферот на Бони ќе ме направи посилен

Ѕвездите и најдобар напаѓач на Свонси Сити Мичу е уверен дека благодарение на новото засилување на тимот Вилфред Бони, тој ќе стане уште посилен.
"Практикувам да играм зад напаѓачот, зашто се надевам, дека тогаш ќе го видите најдоброто од Мичу. Минатата сезона јас постигнав повеќе голови играјќи токму на оваа позиција. За Свонси беше многу важно да донесе напаѓач, и Бони е еден супериграч. Се радуваме бидејќи тој му се приклучи на нашиот тим, тој постигна многу голови ", изјави Мичу.

ИНТЕРЕСНО: ВИЛШЕР СЕ РАДУВА И НА ТРОФЕЈ ОД EMIRATES CUP.

-  Вилшер: Emirates Cup е можност за освојување на трофеј

Фудбалерот на Арсенал Џак Вилшер ги сподели своите очекувања од Emirates Cup, кој ќе се одржи на 3 и 4 август во Лондон.
"Овој турнир ни недостигаше минатата година (поради Олимпијадата натпреварот не се одржа.). Ни се чинеше дека за време на подготовките за новата сезона нешто ни недостасува. Emirates Cup е одличен турнир, тој им се допаѓа на навивачите. Исто така , тоа е можност да се освоен трофеј. Во ова натпреварување секогаш учествуваат силни тимови. Оваа година ќе играат Наполи, Порто и Галатасарај, па ќе се добиме една добра проверка за нашите можности. Еве во овој момент е потребно да бидеме добро физички подготвени", изјави Вилшер.

ЛЕГЕНДАТА НА ЛИВЕРПУЛ БАРНС, ИЗЈАВИ: ТРЕБА ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ ОД СУАРЕЗ

-  Барнс: Треба да се ослободиме од Суарез

Еден од поранешните играчи и миленици на Ливерпул, Џон Барнс, се огласи во јавноста, за да проговори за жешко тема во англискиот фудбал во последно време, случајот  со Луис Суарез. Talksport   ги пренесе зборовите на 49-годишниот Барнс, според кој Ливерпул мора брзо да го продаде Суарез.
"Сме виделе во минатото дека трансфери се случуваат во последната минута и тоа не помага на никого, особено за клуб како Ливерпул, кој, ако го загуби Суарез, ќе мора брзо да најде негов заменик со големо име."
"Би сакал сето тоа да се реши што е можно поскоро, бидејќи ако остане за последниот ден, ќе се пренатрупан работата за заменикот. Тоа не е добро."
"Што се однесува до Суарез, ако не е среќен, тогаш треба да си тргне. Секогаш можеме да кажеме: 'Да, Суарез е како Карлос Тевез и секогаш дава се од себе,' но не знаеме сега што се случува во неговата глава и како тоа ќе се манифестира на теренот, ако тој не го добие она што сака."

ФУЛАМ СО ПОДОБРА ПОНУДА ЗА ДАРЕН БЕНТ

-  Фулам ja подобри својата понуда за Дарен Бент

Фулам упати нов, подобар предлог за купување на напаѓачот на Астон Вила Дарен Бент, соопштуваат британските медиуми. Минатиот викенд "котидџерс" понудија 4 милиони евра за 29-годишниот англичанец и според очекувањата беа одбиени. Но сега лондончани ја зголемиле оваа сума.
Овој чекор на Мартин Јол го остава назад Њукасл, кој исто така се обидува да потпише со Бент. Астон Вила се надева дека ќе добие за својот играч 6 милиони фунти, и изгледа дека новиот предлог на Фулам се совпаѓа со таа сума за купување на Бент.

ЏОНС ГО ГЛЕДА ПОЗИТИВНИОТ ЕФЕКТ НА НОВИОТ МЕНАЏЕР ДЕЈВИД МОЈС

-  Фил Џонс веќе го гледа ефектот од работата на Дејвид Мојс

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Фил Џонс веќе го гледа влијанието што новиот менаџер Дејвид Мојс го наметнува во тимот. Превземајќи го кормилото на шампионот, шкотскиот стручњак уште е принуден да работи само со овој материјал, кој му го остави претходникот Сер Алекс. Но Џонс веќе забележува некои промени и ги смета за позитивни.
"Веќе сме заедно 4-5 недели и спроведовме многу добри тренинг активности. Мојс имплементира некои работи на тренинзите и во натпреварите, ние го гледа овој ефект во дуелите. Кога ќе дојде стартот на сезоната, ќе бидеме подготвени да одиме напред и да се бориме. Многу од момчињата се радосни ", изјави Џонс.

ПО МНОГУ ШПЕКУЛАЦИИ, ПРОТЕЧЕ ГЛАСИНА ДЕКА ЧЕЛСИ ЌЕ ГИ ОДБИЕ СИТЕ ПОНУДИ ЗА ДАВИД ЛУИС

-  Челси ќе го отфрли секој предлог за Давид Луис

Челси нема намера под никакви услови да го продава дефанзивецот Давид Луис. Како што е познато, вчера се појавија информации дека бразилецот може да го напушти "Стемфорд Бриџ" до крајот на трансфер прозорецот, бидејќи за неговите услуги се заинтересирани Баерн Минхен и Барселона, кои се подготвуваат да понудат 40 милиони евра за Давид.
Според информацијата од утринава, "сините" имаат намера да го отфрлат секое предлог на сите клубови за Луис. 26-годишниот дефанзивец е еден од клучните фудбалери во тимот и Жозе Мурињо, тој гледа во неговото лице, еден од играчите кои не смеат да отсуствуваат од неговите планови.

ВЕНГЕР НЕСКАТА ДА ТРОШИ ПАРИ САМО НА ИГРАЧИ-ЅВЕЗДИ.

-  Венгер: Не сме согласни, да купуваме само ѕвезди

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер призна дека неговиот клуб не е доволно атрактивен за играчиш-ѕвезди, но во исто време францускиот специјалист призна дека тоа не е голем проблем, бидејќи "топџиите" се фокусирани на работа со талентирани млади играчи.
"Ние во Арсенал се залагаме против политика за купување само на ѕвезди. За некои играчи сме со недоволно ѕвезди, и не може да постигнеме толку брз успех, како што тие сакаат. Но една од нашаите силни страна е тоа што младите знаат дека ние ќе им дадеме шанса. Бараме низ целиот свет играчи, привлечни талент со желба за докажување. Ја бараме нивната мотивација за успех. Покрај тоа, оваа мотивација мора да биде постојана и ние го проверуваме тоа во играчите "ги цитира Goal.com. зборовите на Венгер.

ТОТНЕМ БАРА МНОГУ ПАРИ ОД РЕАЛ ЗА БЕЈЛ, СЕ СПОМЕНУВА ЦИФРА ОД145 МИЛОНИ ЕВРА

-  Тотнем сосема се "откачи" , побара 145 милиони евра за Бејл

Претседателот на Тотнем, Даниел Леви продолжува да лази по нервите на раководството на Реал Мадрид. Леви побарал 145 милиони евра (околу 125 милиони фунти) од шпанскиот гигант за велшката ѕвезда на "Тотнем" Гарет Бејл, тврди "Марка". Шпанскиот спортски весник наведува дека по овој начин шефот на лондончани сака да испрати јасна порака до Реал Мадрид, дека Тотнем не се фабрика за играчи на "лос бланкос". Минатото лето од "Вајт Харт Лејн" во насока "Сантијаго Бернабеу" премина Лука Модриќ и сега целта на Даниел Леви е да му покаже на Реал Мадрид, ако шпанците сакаат уште една ѕвезда на лондончани после година дена од трансферот на хрватскиот фудбалер, тоа може да се оставри единствено со многу висока (и дефинитивно рекордна) цена.
Една од можните варијанти за трансферот на Бејл во Реал Мадрид.
Раководството на Тотнем одби неколку грандиозни понуди од Реал Мадрид за Гарет Бејл, но тоа не значи дека трансфер на велшкиот репрезентативец на "Сантијаго Бернабеу" е невозможен. Според весникот AS претседателот на Тотнем Даниел Леви е објавил под какви услови е склон да го пушти најдобриот фудбалер во Премиер лигата за минатата сезона во Реал. Од Тотнем инсистираат да добијат 98 милиони евра и левиот бек Фабио Коентрао.

ПРИМЕР КАКО СЕ ШТИТАТ АВТОРСКИ ПРАВА, БРАВО ЗА ПРЕМИЕР ЛИГАТА

-  Премиер лигата проверува пабови и клубови за ТВ права

Англиската Премиер лига проверува пабови и клубови, кои емитуваат натпреварите во живо. Во моментов угостителските објекти во Велика Британија може да користат сигнал од странски сателити, кои обично се доста поевтини од англиските. За да се принудат сопствениците да плаќаат повеќе, фудбалските функционери најмија посебна фирма која ќе го утврди бројот на посетители во пабовите и ќе докаже дека сигналот се користи за комерцијални цели. Задача ја презеде компанијата ID Inquiries со седиште во Глазгов, која ги повика преку интернет луѓето да известуваат за "нелегални преноси на натпревари за комерцијални цели".
Според Премиер лигата единствените овластени компании кои можат да емитуваат англиски натпревари во живо, се Sky Sports и BT Sport. Кој не е во согласност со тоа, ќе биде обвинет со судска одговорност. Со собраните информации  од ID Inquiries, Премиер лигата се надева да поднесува тужба и да си обезбеди дополнителни приходи. Лига се подготвува да ја оспори одлуката на Судот во Луксембург од 2011 година, според кој приватните лица на островот може да користат дигитални приемници од странски оператори, со кои да гледаат фудбал. Минатата недела функционерите на Премиер лигата добија дело во Врховниот суд, според која шесте главни интернет провајдери во Велика Британија ќе го блокира пристапот до еден од најголемите нелегални сајтови за фудбал во живо First Row Sports.
ID е водечки доставувач на корпоративни истраги, заштита на брендови и услуги за управување со ризик во Обединетото Кралство, а работи и во целиот свет.

ТОТНЕМ ЌЕ РЕКЛАМИРА КИНЕСКИ СИНЏИР ЗА МОДНА ОБЛЕКА.

-  Тотнем ќе рекламира кинескa мода

Во наредните две години Тотнем ќе го рекламира кинескиот синџир на модата облека Bosideng. Од сезоната 2013/14 првиот тим на клубот, газдите и членовите на Управниот одбор ќе носат облека, обезбедени од продавница на компанијата во Лондон. Кој беше отворен пред една година, а договорот со Тотнем треба да го отвори патот на брендот кон цела Европа. Според договорот кинезите ќе бидат претставени на официјалната веб-страница на клубот и во каналите  на социјалните мрежи.


АРСЕНАЛ ЌЕ СОРАБОТУВА СО НИГЕРИСКАТА STERLING BANK.

-  Арсенал ќе соработува со нигериска банка

Во наредните три години Арсенал ќе работи со нигериската Sterling Bank, а првиот резултат од соработката ќе бидат дебитни картички за "топџиите". Со нив клиентите на банката ќе купуваат сувенири на тимот со намалување и ќе имаат шанса да добијат билети за натпреварите на "Емирати стадионот". Тренерите од фудбалската академија на Арсенал пак ќе учествуваат во програмите на финансиска институција за обука на млади таленти.


СИТИ ПОТПИША СОРАБОТКА СО КОМПАНИЈА ЗА РЕГРУТИРАЊЕ КАДРИ

-  Зделка на неделата

Најголемата компанија за регрутирање на кадри во светот Hays ќе работи во наредните три години со Манчестер Сити. Партнерството ќе биде активирана со глобална маркетинг програма фокусирана на дигиталните и социјалните медиуми. Компанијата е основана во 1867 година во Лондон, а во моментов има 8000 вработени во 33 земји во светот. Годишниот обрат е над 4,57 милијарди евра.
Според договорот Hays ќе се рекламира од лед паноата на стадионот "Етихад", а вработените  ќе добијат специјални попусти за мечевите на Сити.
"Hays се наметне како име во целиот свет благодарение на вештината да привлекува најголемите таленти и професионалци во бизнисот"- коментира  комерцијалниот директор на Манчестер Сити, Том Глик. 
Нашиот клуб се потпира на најдобрите кадри и сме горди што го имаме најдобриот тим на професионалци. Без разлика дали станува збор за странски или домашни таленти на теренот, или за стјуардите крај теренот, секогаш се стремиме да работиме со вистинските луѓе, кои го движат тимот напред ".

ЈУНАЈТЕД СО "ТРИК" ГО ПРОДАВА РУНИ НАДВОР ОД АНГЛИЈА

-  Јунајтед му прави трик на Челси за Вејн Руни

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед Вејн Руни (27 година) 100% нема да игра за Челси наесен, "Грмна" весникот "Мирор". Според изданието, покрај официјалната позиција на клубот дека Руни не се продава, менаџерот на "црвените ѓаволи", Дејвид Мојс е подготвен да го продаде за секунда поради долготрајниот конфликт меѓу нив. Но цврсто ќе ги одбие сите понуди од конкуренцијата во Премиер лигата, а особено од Челси, од каде најсериозно се притиска за неговите услуги. Во Англија се зборува дека лондончани подготвуваат нова понуда за Вејн во износ од 35 милиони евра, но полза од неа нема да има, против шкотскиот инает на Мојс.
Руни има договор со Јунајтед до летото 2015 година, но од раководството немаат намера да му понуди новдоговор, поради "убиствената"  плата во износ од 290 илјади евра неделно. И во таква ситуација единствената опција да земат некои пари за него, и да не го испуштат како слободен агент е да го продадат во странство. Проблемот, сепак, е дека во моментот никој надвор Премиер лигата не покажува интерес да го земе. Некаков интерес има само од Реал, но сега на "Бернабеу" се зафатени повеќе со престојниот трансфер на Гарет Бејл (Тотнем), а Руни им е последна грижа. Работите, сепак можат да се сменат  брзо со приближувањето на крајот од трансфер прозорецот. Особено ако од Јунајтед се подготвени да се разделат со напаѓачот за далеку помалку пари од оние кои ги нудат од Челси. 
SHREK : ))

СУАРЕЗ ГО БОЛИ К.. ЗА ЛИВЕРПУЛ СИ СНИМА РЕКЛАМА ВО УРУГВАЈ :))

-  Суарез во уругвајска реклама

Луис Суарез покажа дека се наоѓа во завидно добро расположение, и покрај постојаното тензии околу него.
Напаѓачот на Ливерпул, докажа дека има и добра смисла за хумор, снимен забавна реклама, нагласувајќи ги своите типичните карактеристики - симулирање, бескомпромисност, жестокос, конкурентност, но исто така поседување на универзални квалитети.