Saturday, 2 November 2013

СУАРЕЗ: НИКОГАШ СУМ НЕМАЛ ЗАКАНИ ОД НАВИВАЧИТЕ НА ПУЛ.

-  Суарез: Навивачите на Пул никогаш не ме се заканувале

Луис Суарез раскажа за својата одлука да не го напушта тимот во летниот преоден рок.
"Стивен Џерард премногу разговараше со мене, ми даваше совети и  го зборуваше токму она што ми беше потребно. Кога тренирав одделно, тој ми велеше, дека на него не му се допаѓа тоа, бидејќи морам да работам заедно со останатите. Сега чувствувам огромната поддршка од страна на своите соиграчи. Исто така, многу важна беше поддршката на навивачите. Секогаш можам да се шетам мирно по улица без никакви проблеми. Никој никогаш не ме се заканувал, сето тоа беа измислици. Луѓето ми зборуваа да останам. Сега усилено работам за доброто на тимот и секогаш ќе бидам благодарен на Ливерпул", изјави Суарез.

ЕТО ЗАБОРУВА ЗА ТОРЕС И ЗА СЕБЕ.

-  Ето: Торес игра многу добро

Напаѓачот на Челси, Самуел Ето ја отцени играта на Фернандо Торес и раскажа за својата адаптација во Англија.
"Торес игра добро. Не е тајна, дека секој напаѓач е отценуван пред сè преку количината голови кои ги постигнува. Но работата не е само во тоа, а и во тоа на кој начин комуницирате со тимот, како им помагаш на партнерите како работиш во одбрана. Во сите овие компонентни Фернандо е многу добар, а головите доаѓаат во серии, во еден момент постигнуваш многу, во друг тие одат некаде", изјави Ето.
"Ниту еден фудбалер нема загарантирано место во стартниот состав. Но јас сум задоволен, бидејќи прв од сите напаѓачи во Челси успеав да го погодам противничкиот гол во оваа сезона. Иако пристигнав во тимот најдоцна од сите. Секогаш упорно тренирам и постепено влегувам во форма, која ми треба. Не е лесно да бидеш во тим кога сезоната оди. А освен тоа треба да се адаптирам на новата земја и шампионатот", додаде Ето.

МУРИЊО: НИ ПРЕДСТОИ ТЕЖОК НАТПРЕВАР.

-  Мурињо: Не очекува еден од најтешките натпревари

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо ги сподели очекувањата од средбата од десеттото коло во Премиер лигата против Њукасл.
"На "Сент Џејмс Парк" не очекува еден од најтешките натпревари во сезоната. Но и покрај тоа, ние сакаме да ја продолжиме победничката серија. Сега не е толку едноставно да остава, кој и да било од фудбалерите дома или на клупата, секој од нив е достоен да игра. Неправеден сум кон играчите, кои не се во составот, бидејќи тие прават се што е можно, за да влезат на теренот. Секој играч има " тимска душа". Ова е многу важно. Што се однесува до Торес, ништо посебно не сум правел, тој само работи напорно и ништо повеќе", изјави Мурињо.

КОМПАНИ НЕМА ДА ИГРА ДО КРАЈОТ НА НОЕМВРИ.

-  Компани ќе се врати кон крајот на Ноември

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини ги потврди неодамнешните гласини, дека враќањето на капитенот и еден од лидерите на тимот Венсан Компани повторно се одложува, овој пат до крајот на Ноември.
"Венсан се подобрува, но јас мислам, дека моментот во кој тој ќе влезе во форма, ќе биде по паузата со националните тимови, прорано ова е проблематично. Тој навистина е важен игра, но јас сметам, дека имаме силен и стабилен тим, имаме други играчи кои се способни да играат".
"Во четири од последните средби остваривме победи и отстапивме единствено на Челси, но јас продолжувам да мислам, дека заслуживме повеќе. Се разбира, Компани е важен игра за нас, но сметам, дека сме способни да се справиме и без него", изјави Пелегрини.

РОЏЕРС УПАТИ ПОЗИТИВНИ КРИТИКИ КОН ОЗИЛ.

-  Роџерс го симпатизира Озил

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс ги призна своите симпатии кон халфот на Арсенал Месут Озил.
"Арсенал е одличен тим, кој многу добро ја започна сезоната. Тие умеат да постигнува голови и поседуваат играчи од топ ниво. Озил? Ова е фантастичен играч. Го гледав уште кога беше млад и за мене е сурприз одлуката на Реал да се раздели со нег. Тој има талент, тој е надарен и поседува неверојатен допир и добра брзина. Тој е способен да асистира за голови и да постигнува голови", изјави Роџерс.

ХАРТ НЕМА ДА ИГРА ПРОТИВ НОРИЧ.

-  Харт нема да игра против Норич

Голманот на Манчестер Сити, Џо Харт нема да игра утре со Норич во натпревар од десеттото коло во Премиер лигата. Менаџерот на тимот Мануел Пелегрини решил да го остави 26-годишниот голман на клупата по серијата грешки оваа сезона, особено во дуелот со Челси минатата недела, што доведе до пораз на "граѓаните".
Оваа вест значи, дека олот на вицешампион во натпреварот со "канаринците" ќе биде заштитувана од Костел Пантилимон.

РОЏЕРС: ДУЕЛОТ СО АРСЕНАЛ НЕ Е ОДЛУЧУВАЧКИ ЗА ТОП 4.

-  Роџерс: Натпреварот со Арсенал не одлучува за топ 4

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс изјави, дека нема намера да преценува претстојната средба со Арсенал од десеттото коло во Премиер лига.
"Ливерпул докажа, дека е квалитетен тим, поседува менталитет на победник и стабилност. Натпреварот со Арсенал нема да биде одлучувачки за нас во борбата за првата четворка. Мислам, дека веќе покажавме, дека претендираме за него".
"Сметам, дека тимот се наоѓа во многу добар временски период. Силно ја започнавме сезоната, така и сакавме, сега останува само да напредуваме. Имам во предвид, како младите играчи, така и соработката помеѓу Суарез и Стариџ", изјави Роџерс.

ФАНТОМОТ ДИРЕКТОР ВО КАРДИФ НЕМА РАБОТНА ВИЗА.

-  Новиот директор на Кардиф може да биде депортиран

Новиот директор на Кардиф, Алишер Аспаљамов не може да пристапи кон извршување на своите должности поради проблеми со работната виза. Уште на 11 Октомври велшкиот клуб официјално објави за разделбата со претходниот директор Јан Муди, кој се сметаше за близок пријател на менаџерот Малки Макај. Тогаш беше најавено, дека испразнетото место ќе биде пополнето од 23-годишниот казахстанец Аспаљамов, кој е дел од опкружувањето на синот на сопственикот на клубот. Алишер нема фудбалски искуство, а минатата година работеше како општ работник на стадионот на Кардиф.
Според информациите, визата на Алишер предвидува 12-месечен престој на Островот, но само со цел студирање. Во моментов Кардиф се обидува да го реши овој проблем, но без успех, а евентуалното прекршување на визното законодавство ќе доведе до наметнување на сериозни санкции како на клубот, така и кон новиот директор, кој за да избегне депортација од Островот ја прекине својата работна активност.
Според запознаените со ситуацијата, органите на редот во Кардиф се подготвени веднаш да го уапсат Аспаљамов, ако тој се појави во канцелариите на клубот, во таква ситуација директорот ќе биде суден по брза постапка и екстрадиран во татковината, освен тоа тој ќе добие и петгодишна забрана да го посетува Обединетото Кралство.


РВП ИМА ПРОБЛЕМИ СО ПОВРЕДИТЕ.

-  Ван Перси е загрижен од својата состојба

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси е загрижен од своето здравје, но продолжи да игра со фластери и со инјекции.
Како што е познато од британски извори, Робин веќе предолго време има проблеми со палецот на ногата, а исто така и со препоните.
Во моментов напаѓачот на шампионите е на инекции, но од друга страна постои голем ризик повредата да се продлабочи, што значи, дека оптоварувате на холанѓанецот треба да биде намалено, а освен тоа да му се даде соодветното време за опоравување. Не е исклучено Ван Перси да не биде пуштен во ира во националниот тим на Холандија за време на меѓународната пауза овој месец.

ЕТО: ЧЕЛСИ ЌЕ ОСВОИ СЕ...

-  Ето: Челси ќе освои се

Напаѓачот на Челси, Самуел Ето е убеден, дека неговиот тим ќе успее да ги освои и четирите натпреварувања во кои учествува.
"Располагаме со добар тим и нема да ги жртвуваме нашите шанси за победа во едено натпреварување за сметка на успех во друг. Ќе се обидеме да победиме сите натпреварувања, во кои учествуваме и тоа ќе го направиме", изјави Ето.

АРТЕТА: ШТЕТА ШТО АРСЕНАЛ НЕ ГО ДОНЕСЕ СУАРЕЗ.

-  Артета: Штета што Арсенал не успеа да земе Суарез

Халфот на Арсенал, Микел Артета изрази жалење, што во текот на летото лондончани не успеаја да земат голгетерот на Ливерпул, Луис Суарез.
"Луѓето не го познаваат вистинскиот Суарез. Тоа е многу добро момче. Јас го познавам одлично. Тој живееше во соседната куќа и секогаш кога го гледав, беше многу пријатно. Штета што Арсенал не успеа да го донесе. Суарез и Стариџ се двајцата напаѓачи кои се наоѓаат во добра форма во Премиер лигата, и тие ќе бидат голема закана за нас. Ние сепак го имаме потребниот квалитет, за да ги победиме", смета Артета.


Friday, 1 November 2013

ВЕНГЕР: СО ПУЛ СМЕ ПРЕТЕНДЕНТИ ЗА ТИТУЛАТА.

-  Венгер: И ние, и Ливерпул сме претенденти за титулата

Арсен Венгер мисли, дека Арсенал и Ливерпул се два од тимовите кои ќе се борат за титулата оваа сезона во Премиер лигата.
"Суарез се справува многу добро, но за мене поважни се фудбалерите на Арсенал, а не оние на Ливерпул. Она што ќе биде од големо значење утре, се играчите кои ќе се соочат против Суарез. Нашата цел ќе биде да ја задржиме топката и да ја контролираме ситуацијата. Ако успееме да го направиме, нема зошто да се грижиме за нашите ривали. Суарез и Стариџ се едни од најдобрите напаѓачи во лигата. Жиру исто е одличен од почетокот на сезоната, но неговиот стил е различен од оној на Суарез. Ние сме претенденти за титулата, какви што се и Ливерпул. Има уште четири или пет тима кои ќе бидат во битката. Ова е голем натпревар, многу важен, но јас не мислам особено многу за моменталниот пласман на табелата. Во моментов меѓу 8- от и 14-от тим на табелата има разлика од два или три поени. Во моментов пласманот на табелата не кажува ништо", смета Венгер.


СТАРИЏ: ВО ЛИВЕРПУЛ ГО ДОБИВ ТОА ШТО ГО САКАВ.

-  Стариџ: Во Ливерпул го добив она, што во Челси одбиваа да ми го дадат

Голгетерот на Ливерпул, Даниел Стариџ е сигурен, дека доброто претставување во дресот на Ливерпул се должи на можноста, дадена од страна на Брендон Роџерс, да игра на вообичаена позиција како централен напаѓач.
"Имав потреба од тоа да веруваат во мене, да играм како централен напаѓач. Не го добив тоа во Челси, но Брендон ми даде шанса да го направите тука. Работиме добро заедно, одлично е да бидеш дел од неговата фудбалска филозофија. Играње на позицијата, на која чувствувам задоволство да бидам. Во Челси никогаш не добив таква можност. Мојата самодоверба и добрата работа на тренинг базата ме направија тојфудбалер, кој сум во моментов. Ако го прашате Вејн Руни или Дани Велбек, тие ќе ви го кажат истото. Се разбира, дека работиме во името на тимот, но кога некој од нас е поставен на необична позиција, тоа ја променува неговата игра. Никој од нас не се гледа себеси како крило или халф", изјави Стариџ.


ЧЕТИРИНАЕСЕТТО КОЛО-CHAMPIONSHIP.


НАЈАВА


Четиринаесетто коло во Чемпионшип дивизијата започнува денес, Петок во 20:45 часот со средбата помеѓу екипите на Ипсвич и Барнзли. Останатите натпревари се играат утре, Сабота. Во 13:15 часот се игра дербито на колото помеѓу екипите кои се позиционирани на второто и седмото место кои директно се замешени за промоција во Премиер лигата. Тоа се екипите на Лестер и Вотфорд. Останатите средби се ираат од 16 часот, а интереса се очекува да биде и средвата помеѓу Нотинем Форест и Блекпул кои ги заземаат 6-то и 4-то место кои водат во плејофот за пласман во елитата.

WatfordvsLeicester



Friday 1st November 2013

SKY BET CHAMPIONSHIP
Show last 5 matches and coverageFixtureKick-offStatus
20:45

Saturday 2nd November 2013

SKY BET CHAMPIONSHIP
Show last 5 matches and coverageFixtureKick-offStatus
13:15
Watford VsLeicester
16:00
BirminghamVs Charlton
1600
Blackburn VsMiddlesbrough
16:00
BournemouthVs Bolton
16:00
Doncaster VsBrighton
16:00
Leeds VsYeovil
16:00
Millwall VsBurnley
16:00
Nottm ForestVs Blackpool
16:00
QPR VsDerby
16:00
Sheff WedVs Reading
16:00
Wigan VsHuddersfield

БИРМИНГЕМ СЕ ЗАСИЛИ СО ПОЛСКИ ДЕФАНЗИВЕЦ

-  Бирмингем потпиша со полски репрезентативец

Поранешниот полски репрезентативец Дариуш Дудка потпиша договор со Бирмингем до крајот на сезоната. 29-годишниот дефанзивец ќе ја продолжи кариерата во Чемпионшип дивизијата. Дудка беше слободен агент по раскинувањето на својот договорот со Леванте. Минатата сезона полјакот настапи на само 3 натпревари за шпанскиот тим. Пред тоа Дудка го носел дресот на Амикам Вронки, Висла Краков и Оксер. За "дружина полска" има 65 натпревари.