- Рио Фердинанд го свали на земјата дуото Суарез - Стариџ
Рио Фердинанд верува, дека дуото Суаре -Стариџ во нападот на Ливерпул сеуште не може да се нарече посебно и има уште многу да постигне, за да заслужи овации.
"Во оваа земја и во фудбалот воопшто премногу брзо ги величаме луѓето. Не велам, дека Суарез и Стариџ не се одличено дуо. Сега тие се на врвот и играат многу, многу добро. Постигнуваат одлични голови. Но мислам, дека едено дуо во нападот се отценува за подолг временски период. Само погледнете ги тандемите Двајт Јорк-Анди Кол и Теди Шерингам-Алан Ширер. Овие тандеми напаѓачи се докажале со годините, а не со неколку натпревари. Па подобро да ги отцениваме Суарез и Стариџ по некое време".
SAS - Special Air Service-полк на британската армија, создадена во 1950 година како дел од специјалните сили.