Thursday, 31 October 2013

ЛАМЕЛА: МИ ТРЕБА ВРЕМЕ ЗА АДАПТАЦИЈА.

-  Ламела: Ми треба уште време за адаптација

Полудефанзивецот на Тотнем, Ерик Ламела раскажа за својата адаптација во англиската Премиер лига.
"Мислам, дека имам потреба од уште малку време. Се чувствувам добро тука, но во однос на адаптацијата сè е поинаку. Овде сум два месеца, па она што ми е потребно е време. Треба да тренирам, да навлегувам во играчки ритам, треба да одиграм неколку натпревари. Англискиот фудбал многу се разликува од италијанскиот, тука борбата е многу повеќе, додека во Италија акцент е повеќе на тактиката. Премиер лигата е неверојатно силен шампионат, повеќе од било кој друг. Не е лесно да играш тука. Лично на мене ми се допаѓа играчкиот  манир на Тотнем, стилот на мојот тим идеално ми одговара ", изјави Ламела.

ВИЛИАН САКА ДА СТАНЕ ГЛАВЕН ИРАЧ ВО ЧЕЛСИ.

-  Вилиан е убеден дека ќе стане главен играч за Челси

Бразилскиот полудефанзивец на Челси, Вилиан е убеден, дека тој постепено се претвора во играч од основниот состав на "сините".
"Задоволен сум од себе и мислам, дека се подобрувам со секој изминат натпревар. Многу трчам, создавам голем број добри комбинации и му помагам на својот тим. Физички се чувствувам многу добро и постепено добивам самодоверба. Убеден сум, дека ќе израсна уште повеќе, со секој изминат натпревар. Важно е, што се чувствувам среќен и го заработувам своето место во составот ", изјави Вилиан.

СВОНСИ СО ДОБИВКА ВО 2013 ГОДИНА.

-  Свонси останува профитабилен клуб

Свонси Сити се отчита за последната финансиска година, според податоците кон крајот на месец Мај 2013 година чистата добивка на клубот е 15,3 милиони фунти. За отчитаниот период, во текот на кој избраниците на Михаел Лаудруп го освоија Лига Купот и го зазедоа деветтото место на табелата во Премиер лигата, велшкиот клуб успеа да заработи 67.1 милиони фунти, што е за 1,9 милиони повеќе отколку една година порано.
15.3 милиони фунти, тоа е чистата добивка на Свонси , при тоа "лебедите" планираат многу мудро да ги потрошат парите: 6 милиони фунти ќе бидат потрошени за новата база на академијата, а 5 милиони ќе бидат вложени во почетната фаза од изградбата на новиот тренинг комплекс за првиот тим.

ЖИРУ: МНОУ СУМ ЗАДОВОЛЕН И ОД МОИТЕ АСИСТЕНЦИИ.

-  Жиру: Напаѓачите не треба да се егоисти

Напаѓачот на Арсенал Оливие Жиру призна, дека чувствува исто толку големо задоволство од асистирање, колку од постигнување на голови.
"Кога си напаѓач, квалитет е да не си егоист. Кога имаш соиграч на добра позиција, треба да му асистираше. Напаѓачите се суди по головите, но ние треба да и гледаме и асистенции и нивната работа на терен. Тоа се обидувам да го правам и да им помагам на соиграчите".
"Беше прекрасно да асистирам за голот на Џак Вилшер против Норич, бидејќи беше прикажан по целиот свет. Горд сум за него. Кога играш со фудбалери како Џак, Месут , Санти, Томас и сите наши офанзивни соиграчи е лесно. Имаме добра соработка по теренот и кога ќе играат така со еден допир е многу пријатно. Токму такви се и моите ставови за фудбалот".
"Во оваа сезона разликата во моето претставување доаѓа од поголемата самодоверба, и тоа што можев да имам целосна предсезонска подготовка. Додека минатата сезона дојдов подоцна", изјави Жиру.

КОЛ САКА НОВ ДОГОВОР СО ЧЕЛСИ.

-  Ашли Кол сака нов договор.

Дефанзивецот на Челси, Ашли Кол изјави, дека би бил сречен ако остане во клубот и по крајот на оваа сезона. 32-годишниот дефанзивец беше еден од ветераните кои добија едногодишно продолжување на договорот во Јануари. Па по крајот на оваа сезона дооворот ќе му помине.
"Потпишав продолжување на договорот на почетокот на годината, така тој истекува на крајот на сезоната. Прашањето, сепак, ќе биде разгледан на крајот на сезоната. Се надевам да останам подолго.
Поминав одлично време тука, имав одлична кариера и се разбира, би сакал да останам, ако сеуште ме сакаат".
"Ќе дојде време кога ќе треба да ме заменм. На моето место игра Рајан Бертранд и еден ден ќе сакам да го гледам како игра. Значи некогаш ќе дојде и времето кога ќе ја завршам кариерата", коментира Кол за весникот "Сан".

ЈАНГ СЕ НАДЕВА ДА ОСТАНЕ ВО ЈУНАЈТЕД.

-  Ашли Јанг се надева дека ќе остане во Манчестер Јунајтед

Ашли Јанг се надева, дека ќе остане во Манчестер Јунајтед, откако му помогна на тимот да се квалификува за 1/4-финалето во Лига Купот.
"Немав играно од натпреварот со Сити, но чекав да дојде мојот шанса и сакав да излезам на теренот и да и впечатам сите. Осеќам, дека поминав добро, уживав во натпреварот. Треба да о почекаме викендот и да видиме што мисли менаџерот ".
"Треба само да погледне кон составот. Некои не играат редовно, но се справуваат добро кога ќе добијат шанса. Секој си ја вршеше работата и игравме добро",  вели Јанг пред клупската телевизија на Манчестер Јунајтед.


КОЈА Е УБАВИЦАТА НА ЛИВЕРПУЛ...

-  Мис на светот и модел на "Плејбој" во телевизијата на Ливерпул

Сексалилната ирка Розана Дејвисон е најновото пополнување на "Ливерпул". Таа ќе биде лице на клупската телевизија и ќе учествува во промотивните клипови.
Освен со освојување на круната за Мис Ирска и Мис на светот 29-годишната Рози стана популарна и со сесијата во машкото списание "Плејбој". Мис Дејвисон е ќерка на музичарот Крие де Берг кој и ја посвети песната For Rosanna од албумот Into The Light.
"Многу ми се допаѓа новата работа, уште повеќе, затоа што јас одамна сум обожавателка на "Ливерпул". Се надевам дека ова е само почеток", изјави Розана Дејвисон.

ФА ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЈА ПРОТИВ НОРИЧ,КАРДИФ И БРУС.

-  ФА подигна обвиненија кон Кардиф, Норич и Стив Брус

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поднесе обвиненија кон Норич и Кардиф за расправија меѓу фудбалерите на двата тима за време на саботната средба од Премиер лигата на "Кероу Роад". На крајот на предметната средба полудефанзивецот на "канаринците" Алекс Тетеј заработи повреда и голманот на гостите Дејвид Маршал ја исфрли топката во аут за да му биде укажана помош на противничкиот фудбалер. Како што е вообичаено, Норич ја врати топката на противникот, но Лирој Фер наместо да ја додаде кон играч на велшкиот тим, тој го погоди  празниот гол на Кардиф.
Тоа предизвика големо незадоволство на гостите, а "канаринци" пак побрзаа да го заштитат својот соиграч.
Денес стана познато, дека ФА подигнала обвиненија за конфликтот, а термин до кој треба да бидат дадени објаснувања е 4 Ноември. Освен тоа, ФА покрена обвинение и против Стив Брус, кој минатиот викенд ја нарече "шега" одлуката на главниот судија Мајкал Оливеира да му подари на Тотнем пенал. Стив Бурса го има истото време, за да одговори на обвинувањата.

ИГНАСИЕ МИКЕЛ СЕ НАДЕВА НА ДОБРА ФОРМА И ВРАЌАЊЕ ВО АРСЕНАЛ.

-  Микел се надева на шанса во Арсенал

Дефанзивецот Игнаси Микел се надева, дека по завршувањето на својата позајмица во Лестер, тој ќе има шанса да се истакне во Арсенал.
"Имав среќа што отидов во Лестер. Вие гледате, дека на тимот му се допаѓа да игра добар фудбал. Мислам, дека покажавме, дека може да се натпреваруваме во Премиер лигата. Ако продолжиме да ја покажуваме досегашната игра имаме големи шанси да отидеме таму. Се чувствувам извонредно во Лестер. Имам тука стан и момчињата се однесуваат прекрасно со мене. Не можам да сакам нешто повеќе. Должен сум да се фокусирам на настапот во тимот и да сум спремен за Арсенал следната сезона", изјави Микел.

СТАРИЏ: СО СУАРЕЗ СМЕ ПОВРЗАНИ ТЕЛЕПАТСКИ.

-  Стариџ: Нашата врска  со Суарез е телепатска

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ смета, дека тој има речиси телепатска врска со својот партнер во нападот Луис Суарез.
"Меѓу нас има природна врска, речиси телепатска. Ние многу добро се разбираме еден со друг на теренот и надвор од него и мислам, дека тоа има големо влијание на нашата заедничка игра. Нашите односи означува, дека ние знаеме кога да си додадеме еден на друг и кога да трчаме. Ова се случува сосема природно. Мислам, дека колку повеќе играме заедно, толку подобра ќе биде нашета соработка", изјави Стариџ за Metro.

ВЕРМАЛЕН: ЌЕ СЕ СПРАВИМЕ СО ДУОТО САС.

-  Вермален: Можеме да се справиме со Суарез и Стариџ

Дефанзивецот на Арсенал, Томас Вермален верува, дека одбраната на тимот може да се справи со напаѓачкото дуо Луис Суарез и Даниел Стариџ.
"Ги познаваме и двајцата многу добро. Сме играли против Суарез, а јас го знам лично од времето во Ајакс. Со Стариџ веќе се соочивме минатата сезона. Дефинитивно тие се многу добри и опасни напаѓачи. Ние сепак, можеме да се справиме со двајцата. Едноставно мора да продолжиме да се претставуваме така, како што го правиме од почетокот на сезоната", изјави Томас Вермален.

РОЗЕНБЕРГ НЕСАКА ДА БИДЕ ВЕЧНА РЕЗЕРВА.

-  Розенберг е подготвен да го напушти ВБА во зима

Напаѓачот на ВБА, Маркус Розенберг изјави, дека најверојатно ќе го напушти клубот во зимскиот трансфер прозорец.
"Менаџерот ми кажа, дека јас ќе добијам шанса, но јас никогаш не ја добив. Располагаме со голем состав и тој избира други фудбалери. Ова е тешко време, а тоа трае повеќе од една година. Играв и постигнував голови во текот на летото и сметам, дека сум способен на повеќе. Немам трпение да дојде Јануари и тогаш ќе ја разгледаме ситуацијата. Ако работите не се сменат, јас ќе треба да разговарам со клубот", изјави Розенберг.

СИДВЕЛ НЕСАКА ДА ПОТПИШЕ ЗА ЕДНА ГОДИНА СО ФУЛАМ.

-  Сидвел одби да го продолжи договорот со Фулам

Полудефанзивецот Стив Сидвел го одби предлогот на Фулам за продолжување на договорот за една година. 30-годишниот фудбалер учествуваше во сите натпревари на " котиџерси" во сегашниот сезона во Премиер лигата, а неговата врска со Скот Паркер стана главна во центарот на теренот.
Во исто време актуелниот договор на Сидвел истекува на крајот на сезоната. Фулам му понуди на играчот едногодишен договор, но фудбалерот инсистира да добие двегодишен договор .
Според информациите на изворот, тврдењата на англичанецот се поврзани со доаѓањето на Скот Паркер, кој веднаш потпиша тригодишен договор.

АСПИЛИКУЕТА: ЧЕЛСИ Е НАСОЕЧЕН КОН ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА.

-  Аспиликуета: Гледаме кон првото место

Дефанзивецот на Челси, Цезар Аспиликуета изјави, дека сега неговиот тим се фокусирал на првото место во Премиер лигата.
"Пред Арсенал има два тешки натпревари, но ние не треба да се интересирам за останатите тимови. Неопходно е да продолжиме да работиме. Се подобруваат со секој изминат дуел и тоа е најважно. Растеме како тим. На второ место сме на табелата, на два поени по Арсенал и сега ќе се обидеме да бидеме први. Во неделата играме на тежок стадион против Њукасл. Таму секогаш е тешко. Во оваа лига конкуренцијата е вистинска и многу голема, но сите се надеваме, дека ќе се справиме", изјави Асполикуета.

БЕКАМ СО ПОДДРШКА ЗА МОЈС.

-  Бекам го поддржи Мојс

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија, Дејвид Бекам ја изрази својата поддршка за менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс.
"Играв кај Мојс во Престон и гледав како напредува во Евертон. Вистински се радувам, што токму тој ја доби работа во Јунајтед, бидејќи е извонреден како тренер и талентиран како тренер. Убаво е да го видам таму и тоа, како приврзаниците на Јунајтед го поддржуваат. Тоа е многу добар знак. Кој и да дојдеше по Сер Алекс , требаше да се соочи со тешкотии, тоа е преодено време. Но на крајот на краиштата Манчестер Јунајтед е Манчестер Јунајтед. Сер Алекс ја заврши кариерата и Дејвид Мојс застана на неговото место. Кога Јунајтед продава играчи, клубот секогаш го продолжува движењето напред и јас сум убеден, дека со Мојс ќе биде апсолутно истото", изјави Бекам.