- Венгер не успеа да го победи Мурињо и по деветтиот обид
Челси го победи Арсенал со 2:0 среде "Емирејтс" и се пласираше во 1/4-финалето во Лига Купот. Тоа беше петти успех на Жозе Мурињо против неговиот колега Арсен Венгер. Французинот сеуште нема победа против Мурињо, од девет средби меѓу нив Венгер има пет загуби и четири нерешени дуели. Всушност во моментов единствениот менаџер во Премиер лигата, кој има позитивен биланс против Мурињо, е Роберто Мартинез. Тој играл еднаш против португалецот, на почетокот на оваа сезона, кога Евертон го победи Челси со 1:0.















