CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Wednesday, 16 October 2013

ПОТВРДЕНО. ГИБСОН ЌЕ БИДЕ АУТ ДОЛГО ВРЕМЕ ОД ТЕРЕНИТЕ.

-  Гибсон оди на перација, аут е за неколку месеци

Фудбалерот на Евертон и ирскиот репрезентативец Дарен Гибсон ќе претрапи операција на коленото и ќе отсуствува подолго време од игра, соопштија од клубот од Премиер лигата. 25-годишниот Гибсон доби оштетување на лигаментите на коленото во вчерашните квалификации  за светско првенство против Казахстан во Даблин. Тој помина медицински прегледи, кога покажаа дека хируршката интервенција е неизбежна.
"Тоа е ужасно, тој ќе го пропушти неколку месеци. Тешко ќе се врати до крајот на сезоната", изјави тренерот на Ирска Ноел Кинг .
Првичните прогнози се дека Гибсон ќе може да се врати на теренот во текот на пролетта.


ЛИВЕРПУЛ ОТВАРА ФУДБАЛСКА АКАДЕМИЈА ВО ИНДИЈА.

-  Ливерпул отвора фудбалска академија во Индија во Јануари

Ливерпул официјално откри, дека планира да отвори фудбалска академија во Индија во 2014 година.
Ливерпул се партнери со индискиот клуб Шиважианс, со кој ќе потпишат договор за развој на млади таленти.
Новата академија ќе биде отворена уште во Јануари и ќе претставува тренинг комплекс со станови за почетници во фудбалот.
Во комплексот ќе има неколку теренот со димензиите на професионален фудбалски терен, тренинг игралишта, училници, соблекувални, фитнес, театар и медицински центар.
Проектот ќе помага на играчи до 18 години да работат со тренерите на Ливерпул.

КОМПАНИ СЕ ВРАЌА ВО СОСТАВОТ НА СИТИ.

-  Добри вести за Компани

Капитенот на Манчестер Сити, Венсан Компани може предвремено да се врати на теренот по повредата на бутниот мускул, при успешно развој на околностите уште во саботната средба со Вест Хем. Според добиените информации, за време на меѓународната пауза белгискиот дефанзивец добро работел врз подобрувањето на своето здравје.
Првично беше планирано Компани да се врати во составот за натпреварот со Челси на 27 Октомври, но сега се појавија многу оптимистички прогнози. Според нив, дури Пелегрини да одлучи да не ризикува со здравјето на белгиецот, пуштајќќи го во игра на "Аптон Парк", постојат шанси Компани да земе учество во натпреварот од Лигата на Шампионите следната Среда.

НЕДИСЦИПЛИНАТА ВО ТИМОВИТЕ НА АНГЛИЈА, Е ПРИЧИНА И ЗА СЛАБИТЕ УСПЕСИ НА СИТЕ НИВОА.

-  Заха и Морисон стигнаа речиси до тепачка

Двајца од најголемите таленти на Англија, Вилфред Заха и Равел Морисон, стигнаа речиси до тепачка за време на победата на младинската репрезентација на "трите лава" против Литванија со 5:0. Двајцата се фатија за гушите во средината на вториот дел, по едно изведување на слободен удар пред голот на Литванија. Брзата интервенција на халфот на Норич, Нејтон Редмонд, кој ги раздели двајцата, спречи тепачка. По натпреварот Морисон, кој постигна два гола, изјави дека ја расчистиле ситуацијата со Заха и нема никакви проблеми помеѓу нив.


ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ЛИВЕРПУЛ, СЕ ВРАЌААТ ПОВРЕДЕНИТЕ ИГРАЧИ.

-  Џонсон, Сисоко и Алан подготвени за Њукасл, Кутињо се враќа следната недела

Четворица од играчите на Ливерпул, кои лекуваат повреди се сосема близу до враќање во игра, потврди менаџерот на "црвените", Брендон Роџерс. Глен Џонсон, Али Сисоко и Џо Алан по секоја веројатност ќе бидат достапни уште за гостувањето на Њукасл. Филипе Кутињо кој заработи повреда за време на ремито со Свонси (2:2) на 16 Септември, исто така се опоравува по операцијата на рамото, а прогнозата на Роџерс за него е дека тој ќе биде спремен за дуелот против Вест Бромич на 26 Октомври.

КАГАВА: ТРЕБА ПОВЕЌЕ ДА ИГРАМ ВО ЈУНАЈТЕД.

-  Кагава: Имам потреба да играм повеќе

Халфот на Манчестер Јунајтед, ШинЏи Кагава призна, дека има потреба да игра повеќе натпревари за својот тим. До моментот јапонецот не добива многу шанси за докажување од новиот менаџер Дејвид Мојс.
"Лично јас се чувствувам силен по овие два натпревари, но имам потреба да играм повеќе во мојот клуб. Освен за Јапонија, има што да подобрува во играта. Сега сите ќе се вратиме во нашите клубови, но треба да се ги направи потребните заклучоци од овие средби и да ги исчистиме проблемите. Тоа што не играм влијае на мојата форма. Можеби тоа ме спречи да влезам во оптимална форма во овие два натпревари, но исто така знам, дека има што да подобрувам во моето претставување", изјави Кагава.


ЛАМЕЛА: ТРЕБА ШТО ПОБРЗО ДА СЕ АДАПТИРАМ НА ИГРАТА ВО АНГЛИЈА.

-  Ламела: Треба брзо да се адаптирам во Тотнем

Напаѓачот на Тотнем, Ерик Ламела призна, дека сеуште не се прилагодил целосно во новата средина по доаѓањето на "Вајт Харт Лејн" во текот на летото од Рома. Аргентинецот се уште не бил стартер за "Спарс" во Премиер лигата, има настапено само на 4 натпревари како резерва.
"Во англискиот фудбал многу повеќе се смета на физичката подготвеност, додека во Италија играта е потактички поставена. Зборував со многу од моите соиграчи кои ми велат, дека треба да се адаптирам на новата средина што е можно побрзо. Тоа е единствениот начин да си обезбедам место во националниот тим за Светското првенство следната година", изјави Ламела.

ГИБСОН СЕ ПОВРЕДИ ВО НАСТАПОТ ЗА ИРСКА.

-  Дарен Гибсон со повреда на коленото

Халфот на Евертон, Дарен Гибсон најверојатно добил растегнување на лигаментите на коленото во дуелот на репрезентацијата на Ирска против Казахстан синоќа. Фудбалерот падна на теренот уште во првото полувреме и не успеа да го заврши натпреварот, откако беше изнесен од теренот, а коленото му беше бандажирано. На дуелот присуствуваше и менаџерот на "карамелите", Роберто Мартинез, кој сигурно не останал особено среќен од непријатното развој на настаните. Сега и тој чека вести за да разбере колку сериозна е всушност повредата на играчот. 
"Дарен Гибсон беше прегледан од нашите доктори и утре ќе се врати во својот клуб, каде што ќе биде испратен на скенер, сомнежите се за оштетување на лигаментите на коленото", соопштија од ирската федерација.

ИЗЈАВАТА НА ИГРАЧОТ НА МЕЧОТ НА НАТПРЕВАРОТ, АНГЛИЈА-ПОЛСКА.

-  Руни: Ова се добри времиња за нас

Напаѓачот на Англија, Вејн Руни изјави, дека неговиот тим заслужено ја победил Полска со 2:0 , за да се квалификува за Светското првенство.
"Во тимот има некои фантастични млади момчиња, но освен тоа имаме и искусни играчи како Стив, Франк и Јас. Вооиграни сме, амбициозни сме и мислам, дека тоа се добри времиња за Англија".
"Знаевме дека ќе биде тешко. Полјаците имаа некои опасни контра напади на почетокот и можеа да постигнат погодок, но потоа се подобривме. И во првото и во второто полувреме имавме многу силни минути, а тоа што поведове во резултатот пред паузата ни даде самодоверба и не смири".
"Знаевме, дека мора да бидеме трпеливи. Бевме подготвени, дека дуелот може да биде решен во последните минути, па останавме концентрирани, Стиви постигна погодок и го гарантира триумфот, кој беше заслужен. И во двата натпревари нашиот пристап беше позитивен и тоа се виде", изјави Руни.


АГЕР: НЕ ОДАМ НИКАДЕ, ЛИВЕРПУЛ НЕ САКА ДА МЕ ПРОДАДЕ.

-  Агер сака да го исполни договорот со Ливерпул

Даниел Агер откри, дека има намера да го исполни договорот со Ливерпул, иако Барселона е заинтересирана за него.
"Таков трансфер во Барселона зависи од клубот. Ливерпул не сака да ме продаде, тоа е".
"Токму сега ми остануваат две и пол години од договорот и имам намера да го исполнам. Задоволен сум, да бидам во Ливерпул и да играм добро. Имаме одличен тим и ќе биде супер ако заработите некој трофеј. Ливерпул е голем клуб", мирно објасни Агер пред данската издание "Екстра Бладет".



ЈУНАЈТЕД ЌЕ ГИ ПРЕТСТАВИ СВОИТЕ ТРОФЕИ НИЗ СВЕТОТ.

-  Јунајтед ги изложува трофеите во над 30 градови во светот

Во рамките на прославата по повод 20-те титули во шампионатот на Премиер лигата, Манчестер Јунајтед ќе ги покаже Трофејот на Премиер лигата и други трофеи од клупскиот музеј во повеќе од 30 градови низ целиот свет. Турнејата ќе трае пет месеци и ќе започне на 30 Октомври во Рио де Жанеиро. Во Март трофеите ќе се вратат во Европа.
Еве и населените места во кои ќе бидат изложени трофеите :
Октомври
Рио де Жанеиро (Бразил).
Ноември
Сао Паоло (Бразил), Сантијаго (Чиле) Гујакил (Еквадор), Мексико Сити (Мексико).
Декември
Сингапур (Сингапур), Хо Ши Мин Сити (Виетнам), Џакарта (Индонезија), Тајпеј (Тајван), Сеул (Јужна Кореја), Шангај (Кин ), Хонг Конг (Хонг Конг).
Јануари
Делхи, Мумбаи (Индија), Дубаи (ОАЕ), Ријад (Саудиска Арабија), Доха (Катар).
Февруари
Лос Анџелес, Сан Франциско, Чикаго, Њујорк (САД ), Бангкок (Тајланд).
Март
Мјанмар (Бурма), Куала Лумпур (Малезија), Токио (Јапонија), Москва (Русија), Истанбул (Турција), Копенхаген (Данска), Осло (Норвешка), Базел (Швајцарија).
Точните датуми ќе бидат објавени наскоро.



АНГЛИЈА ЈА ПОБЕДИ СО 2:0 ПОЛСКА И ОБЕЗБЕДИ ДИРЕКТЕН ПЛАСМАН НА СП 2014 ВО БРАЗИЛ.

-  Англија е на СП во Бразил

Тимот на Англија се квалификуваше директно за Светското првенство во Бразил, откако го освои првото место во квалификациска група "H" во зона "Европа". Тимот на Рој Хоџсон освои еден бод повеќе од Украина, откако вечерва победи со 2:0 над тврдиот тим на Полска. Вејн Руни 42-та минута и Стивен Џерард 88-та минута ги постигнаа погодоците на "Вембли". И му ја отворија вратата на гордиот албион за настап на Светското првенство 2014 година во Бразил.


LINEUP

England

  • 01 Hart
  • 02 Smalling
  • 03 Baines
  • 08 Carrick (Lampard - 71' Booked )
  • 05 Cahill
  • 06 Jagielka
  • 07 Townsend (Milner - 86' )
  • 04 Gerrard
  • 09 Sturridge (Wilshere - 82' )
  • 10 Rooney Booked
  • 11 Welbeck

Substitutes

  • 12 Jones
  • 13 Ruddy
  • 14 Gibbs
  • 15 Wilshere
  • 16 Lampard
  • 17 Milner
  • 18 Barkley
  • 19 Defoe
  • 20 Sterling
  • 21 Lambert
  • 22 Forster

Poland

  • 12 Szczesny
  • 03 Jedrzejczyk Booked
  • 02 Wojtkowiak
  • 06 Lewandowski (Klich - 45' )
  • 19 Celeban
  • 15 Glik
  • 16 Blaszczykowski
  • 08 Krychowiak
  • 09 Lewandowski
  • 18 Mierzejewski (Zielinski - 75' )
  • 05 Sobota (Peszko - 65' )

Substitutes

  • 01 Boruc
  • 04 Jodlowiec
  • 07 Polanski
  • 10 Zielinski
  • 11 Klich
  • 13 Wasilewski
  • 14 Wawrzyniak
  • 17 Peszko
  • 20 Sobiech
  • 21 Rzezniczak
  • 22 Fabianski
Ref: Damir Skomina
Att: 85,186

MATCH STATS

Possession39%61%90minsEnglandPoland

Shots

239


On target

92

Corners

174

Fouls

77


    

Tuesday, 15 October 2013

МАРТИНЕЗ СМЕТА, ДЕКА ЕВЕРТОН МОЖЕЛ ДА БИДЕ НА ЧЕЛО НА ТАБЕЛАТА.

-  Мартинез: Евертон можеше да е лидер на табелата

Менаџерот на Евертон, Роберто Мартинез е убеден дека неговиот тим можел да биде лидер на табелата, ако не биле грешките на стартот на сезоната.
"Дали мислам, дека со нашата игра ние заслуживме повеќе поени ? Мој директен одговор е "да", особено поради тоа што првите три натпревари се одираа за време на трансфер прозорецот, а тој влијаеше на резултатите".
"Во првите три натпревари доминиравме и бевме многу добри. Веројатно изгубивме шест поени, поради тоа мораше да земеме девет поени во следните три натпревари. Впрочем, имавме тешки средби против тешки противници и многу брзо се адаптиравме", изјави Мартинез.

БЕНТ: СО БЕРБАТОВ СМЕ ОДЛИЧЕН ТАНДЕМ.

-  Бент: Тандеми меѓу мене и Бербатов наскоро ќе почне да дава резултат

Напаѓачот на Фулам, Дарен Бент изјави, дека менаџерот на тимот Мартин Јол смета многу на партнерството меѓу него и Димитар Бербатов.
"Менаџерот сака да работи на партнерството меѓу мене и Бербатов. Досега немавме многу можности да играме заедно поради повредите. На теренот за тренинзи работиме на различни нешта и се обидуваме да одиме напред. Бербатов може да игра со секој, бидејќи е многу добар фудбалер. Градењето на добро партнерство сепак бара време. Се надеваме, дека во најскоро време ќе почнеме да ги погодуваме протичничките голови од секакви ситуации", изјави Бент.

ВЕНГЕР РАСКАЖА ЗА НЕГОВИТЕ ВРСКИ СО ОЗИЛ.

-  Венгер: Трансферот на Озил е поврзан со оној на Бејл

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер откри, дека договорот за трансферот на Месут Озил од Реал Мадрид е поврзана со трансферот на Гaрет Бејл.
"Договорот со Озил беше поврзуван со трансферот на Бејл, како и со оние на Иларименди и Иско. Кога се поврзав со Реал Мадрид работите беа доволно отворени. Тие имаа потреба и од време, за да може Анчелоти да го запознае подобро тимот и да донесе одлука. Сите овие аспекти се причината трансферот на Озил да се случи толку доцна. Имавме огромна предност, бидејќи бев во контакт со него пред 3 години, кога уште не беше играч на Реал Мадрид. Разговаравме по телефон, но тој ми рече, дека сака да оди во Шпанија, па му посакав се најдобро, но најважно е што беше направен првичниот контакт уште тогаш. Озил многу добро знаеше, дека го сакам многу време, а и тоа не беше првиот пат кога се обидував да го донесам во Арсенал", открива Арсен Венгер.