CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Tuesday, 15 October 2013

ПРЕМИЕР ЛИГАТА СО НАЈДОБРИ БРОЈКИ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2014.

-  Премиер лигата блеска и кај националните тимови

Кое првенство е најсилно ? Ова прашање постојано носи полемики. Во деновите, во кои фокусот е врз националните тимови, се покажа дека Премиер лигата се претставува дбро и во таков момент. Во петокот се играа голем број натпревари од квалификациите за светското првенство. Во нив беа постигнати вкупно 106 гола.
Речиси една петтина од погодоците беа постигнати од играчи од Премиер лигата. Вкупно 20 погодоци беа реализирани од фудбалерите кои го заработуваат лебот во Англија. Со ова Премиер лигата претекна многу другите првенства.
Русија беше втора со 11 гола, а француската Лига 1 донесе 10 погодоци во квалификациите за СП 2014 во петокот. Дури потоа се подредија Германија и Шпанија. Интересното е што дури втората дивизија на Англија, Чемпионшип дивизијата влезе во листата со 2 гола.
Меѓу голгетерите од Премиер лигата во петокот беа Робин ван Перси, кој постигна хет-трик и го собори рекордот на Патрик Клајверт по погодоци за Холандија. Един Џеко и Никлас Бентднер постигнаа по два гола за Босна и Херцеговина и Данска.
Што се однесува до клупската статистика Манчестер Јунајтед имаше четири гола (1 на Руни). Следуваат, Арсенал и Манчестер Сити со по 3, Тотнем и Евертон со по 2, Саутхемптон, Ливерпул, Норич, Њукасл, Челси и Сандерленд исто така имаа голгетер.

КПР И ЊУКАСЛ ЈА ДОГОВОРИЈА ЦЕНАТА ЗА РЕМИ.

-  Њукасл и КПР ја усогласија вредноста на Реми

Њукасл ја усогласија со Квинс Парк Ренџерс вредноста на напаѓачот Лоик Реми во износ од 6 милиони фунти.
Како што соопштува изворот, двата клуба ја усогласиле вредноста на трансферот во износ од 6 милиони фунти, кои ќе бидат платени плус овие два милиони кои "страчките", ќе треба да ги уплатат на сметката на КПР за позајмицата на играчот .
Њукасл има намера да ги задоволи и финансискиот апетит на напаѓачот и има намера да дејствува брзо, сакајќи да го реализира трансферот во Јануари, не дозволувајќи му на клуб, кој учествува во евронатпреварувањата исто така да се заинтересира од французинот.

ГЛЕН ЏОНСОН СЕ ВРАЌА ВО СОСТАВОТ НА ПУЛ.

-  Глен Џонсон повторно тренира со Ливерпул

Десниот бек на Ливерпул и репрезентацијата на Англија, Глен Џонсон одржа денес комплетна тренингот со тимот на Брендан Роџерс. Ова е првиот тренинг на дефанзивецот со тимот на Ливерпул по шест недели надвор од терените. 29-годишниот дефанзивец заработи повреда на глуждот за време на дербито на Англија против Манчестер Јунајтед на 1 Септември и оттогаш е надвор од терените. Тогаш тој доби повреда на лигаментите во глуждот по судир со Патрис Евра. Се очекуваше Џонсон да се опоравува 10 недели, но тој е на пат да се врати на теренот барем дваесет дена порано.

МИЧУ НЕСАКА ДА СИ ЗАМИНЕ ОД СВОНСИ.

-  Мичу не сака да биде продаден

Напаѓачот на Свонси, Мичу не обрнува внимание на шпекулациите за негов трансфер. Голгетерот е посакуван од повеќето водечки екипи во Англија, како и од други клубови од Европа откако веќе постигна 27 погодоци во 56 натпревари за "лебедите". Во моментов, сепак тој е среќен на "Либерти Стејдиам" и не сака да биде продаден по секоја цена. 
"Во моментов не размислувам за ништо слично. Се обидувам да уживам во играта во Свонси. Ова е скромен тим, но пак веќе играме во Европа и освоивме едно признание минатата сезона, првото во историјата на клубот", изјави Мичу.

АГЕР: ТРЕБА ДА СЕ ВРАТИМЕ ВО ЕВРОНАТПРЕВАРУВАЊАТА.

-  Дани Агер: Ливерпул треба да се врати во Европа

Дефанзивецот на Ливерпул, Даниел Агер смета, дека е време тимот да се врати во евронатпреварувањата догодина.
"Секој сака да игра во Европа, бидејќи таму е најголемата атракција, особено кога станува збор за Лигата на Шампионите. Помалиот број на средби, кои ги играме во моментов во споредба со нашите главни ривали ќе ни даде предност и ќе можеме да се опоравиме подобро и да бидеме мотивирани. Пред секој натпревар си поставуваме една цел, а тоа е само победа. Нема како да победиме во секој пат, но секогаш сме во потрага по трите бодови. Одамна, чекавме таков добар почеток и треба да продолжиме по истиот начин. Ни претстојат уште многу натпревари, но засега работите изгледаат добро", смета Агер.

КОЛОЧИНИ НЕИЗВЕСЕ ЗА СРЕДБАТА СО ПУЛ, ПО МУСКУЛНА ПОВРЕДА.

-  Колочини под знак прашалник за натпреварот со Ливерпул

Дефанзивецот на Њукасл, Фабрицио Колочини ќе биде под знак прашалник за средбата со Ливерпул во саботата. Аргентинецот заработи повреда додека беше со националниот состав на својата земја за квалификациите за светското првенство и беше изваден од составот за дуелот со Уругвај во вторникот. 
"Тренерското раководство го ослободи Фабрицио Колочини, кој добил мускулна повреда", соопштија од страна на аргентинската федерација. 
Сега претстои дефанзивецот да помине дополнителни тестови, кои ќе покажат колку сериозен е проблемот. Ако Колочини не успее да се опорави навреме, веројатно неговото место во центарот на одбраната на "страчките" ќе го заземе Мапу Јанга-Мбива.

БЕНИТЕЗ: ВО АНГЛИЈА СЕ РАБОТИ НАЈДОБРО.

-  Бенитес: Во Англија е полесно, бидејќи ги оставаат тренерите да работат

Тренерот на Наполи, Рафа Бенитез изјави, дека според него најлесно се работи во Англија, бидејќи таму не се сакаат брзи резултати, а стручњаците се остават да работат и да ги исполнат задолженијата на долг рок. Според него, во повеќето од другите првенства вакво нешто е тешко да се случи, бидејќи се бараат резултати веднаш. 
"Во Англија се работи полесно и причината за тоа е, што таму ти даваат време да работиш. Менаџерот може да го претстави својот план и да започне неговото реализирање, а не се бараат резултати веднаш. Таму можеш да работиш полека, но сигурно", изјави Бенитез.

ПРЕМИЕР ЛИГАТА СО СУБВЕНЦИИ ЗА ПОГОЛЕМА ПОСЕТЕНОСТ ВО ЛИГАТА.

-  Премиер лигата издвои 12 милиони, за да ги натера навивачите да патуваат

Премиер лигата одвои 12 милиони фунти на 20-те тима од Премиер лигата, за да ги охрабри навивачите да патуваат и да ги наполнат стадионите на помалите тимови. Одлуката гарантира на секој клуб по 200 000 фунти, а парите може да се користат за потребите на раководствата, но приоритет е поевтинувањето на билетите. Како резултатна тоа, Манчестер Јунајтед ги намали билетите за гостувањата со 4 фунти, а мерка важи од 2 Ноември.
Парите беа прифатени со радост од тимовите. Арсенал, Ливерпул, Свонси, Фулам, Кристал Палас и Сандерленд веднаш понудија поевтини билети. "Топџиите" ги намлија цените за билетите со 2,5 фунти, а Кардиф вети, дека неговите поддржувачи ќе плаќаат само по 5 фунти за гостување. Астон Вила, Стоук Сити и Хал Сити пак обезбедија бесплатен превоз. Од Челси понудија поевтино патување, а понуда е за најмалку 10 натпревари. Манчестер Сити додаде кон субвенцијата од 200 000 фунти уште пари и ги намали билетите за соствениците на сезонски билети за 50 отсто. "Граѓаните" ќе обезбедат и повеќе места за посета на навивачи на "Етихад".
Акцијата на Премиер лигата беше последица од организирана кампања на Федерацијата на фудбалските навивачи во Англија. Таа скокна против скапи билети и инсистираше при гостувањата да се плаќа не повеќе од 20 фунти за билет. Пресметките на експертите покажаа, дека кога ќе се додадат трошоците за транспорт, навивачите треба да одвојат најмалку 50 фунти, за да ги гледаат гостувањата на своите ѕвездите.


ЈУНАЈТЕД И ЈАНУЗАЈ СЕ РАЗМИНУВААТ ВО СУМАТА КОЈ ЌЕ ЈА ДОБИВА ИГРАЧОТ.

-  Јанузаj побара 8 пати повеќе пари од Јунајтед

Манчестер Јунајтед и Аднан Јанузај се разминаа во преговорите за условите за новиот договор на играчот. Клубот едвај ќе успее да ја задржи својата нова ѕвезда со сегашната плата од само 3.000 евра неделно. Затоа раководството му понуди 17 600 евра неделно, плус по 1.400 евра за секое учество во натпревар и одделно по 7000 премија за победа. Претставниците на родениот во Белгија, албанец побараа 23 500 евра неделно, што е речиси 8 пати повисока плата, плус 117 000 евра на рака за потпишувањето. За Јанузај се заинтересирани клубови како Манчестер Сити, Барселона и Јувентус.

АВБ БАРА ТАЛЕНТИ ОД БАРСА Б.

-  Вилаш-Боаш гледаше играч на Барса

Менаџерот на Тотнем, Андре Вилаш-Боаш ја искористи паузата за време на квалификации за светското првенство за пронаоѓање на млади таленти во школата на Барселона. Португалецот го гледаже во живо натпреварот од Сегунда дивизион меѓу вториот тим на Барселона и Депортиво.
Вилаш-Боаш бара нов халф, кој сака да го земе во Лондон во Јануари. Според лондонскиот и каталонскиот печат тој го набљудувал 18-годишниот фудбалер на Барса, Серхи Сампер.

ВЕРМАЛЕН НЕМА СИГУРНО МЕСТО ВО СТАРТНИОТ СОСТАВ.

-  Вермален без гаранции за стартното место

Капитенот на Арсенал, Томас Вермаелен изјави, дека водел разговор со менаџерот на тимот Арсен Венгер за неговата положба, но не добил гаранции дека ќе го врати стартното место.
"Секако, да седам на клупата во Арсенал не е најдобриот начин да се подготвувам за Светското првенство во Бразил". 
"Разговарав многу со Арсен Венгер, но не добив гаранции. Ми останува само да чекаме и да го давам најдоброто за време на тренинзите, но сега тимот игра добро и поради тоа ќе ми биде тешко да си пробијам пат назад", изјави Вермаелен.

ВЕНГЕР ГО ФАЛИ ФЛАМИНИ, НО МАЛКУ И ПОДЛАЖНУВА ХАХА.

-  Венгер: Фламини знаете што треба да прави, за да биде на топ ниво

Фудбалерот на Арсенал, Матио Фламини откри пред менаџерот Арсен Венгер, дека во годините кои ги помина далеку од клубот, искушувал носталгија кон "топџиите".
"Денешниот Фламини е многу искусен од оној со кого располагав пред речиси една деценија. Тој веќе знае што треба да прави, за да биде на највисоко ниво". 
"Јас сепак мислам, дека тој доживува уште поголема приврзаност кон клубот, бидејќи сега веќе осознал, што испуштил кога го напушти Арсенал. Тој се врати со неверојатна желба. Сепак треба да признаам, дека имав предрасуди за тоа дали да потпишам со него, бидејќи не сакам да земам ист играч двапати. Но Матио ме убеди со отворени и чесни зборови, со кои ме увери, дека сака да игра тука", заврши Венгер.

СЕР АЛЕКС: ЈУНАЈТЕД ИМА ЕДЕН ПАТ ПО КОЈ ТРЕБА ДА ОДИ.

-  Сер Алекс: Јунајтед е голем, бидејќи се справува со тешкотиите

Манчестер Јунајтед е голем, голем фудбалски клуб. Јас сепак мислам, дека доста од младите наши навивачи не ги паметат лошите денови.
Тоа го изјави легендарниот поранешен менаџер на "црвените ѓаволи" Сер Алекс Фергусон, чие име од денес носи улица во реонот околу стадион "Олд Трафорд".
"Да се справуваме во тешки моменти е она, во кое сме добри. Овој клуб ќе продолжи да го прави секогаш."
"Располагаме со одличен тим, одличен тренерски штаб, прекрасни луѓе. Пред Манчестер Јунајтед има само еден пат", додаде Фергусон.

ШМАЈХЕЛ ГИ ДЕМАНТИРАШЕ ГЛАСИНИТЕ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ СО ШЕФИЛД ЈУНАЈТЕД.

-  Шмајхел нема да биде менаџер на Шефилд Јунајтед

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Данска Петар Шмајхел ги демантираше информациите за тоа, дека може да го предводи Шефилд Јунајтед. Како што е познато, утринава ESPN соопшти дека раководството на третодивизиониот клуб бара нов тренер, откако тимот оствари 8 загуби во првите 11 натпревари од новата сезона. Како еден од кандидатите се посочуваше токму Шмајхел.
"Читам, дека ме поврзуваат со испразнетото место на тренерскиот пост на тимот на Шефилд Јунајтед. Убаво е да слушаш вакви вести, но дадената информација не одговара на реалноста", напиша Шмајхел на својот профил на Twitrer.

ВЕНГЕР: ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ СО ТРОШЕЊЕ ПАРИ ЗА ТОП ИГРАЧИ.

-  Венгер е подготвен да продолжи да троши

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави, дека е подготвен да продолжи да троши за играчи од светска класа.
"Нашата политика останува иста, јас постојано сакам да ги донесам тука најдобрите играчи, играчи од светска класа, на најдобрата можна цена. И во исто време сакам да продолжам да воспитувам 60-80 играчи. Културата на клубот, овој стил на фудбал, кој сакаме да го применуваме и нашите навики се градат одвнатре. Вилшир, Рамзи и Гибс се фудбалери кои претставуваат културата на клубот. Во прилог на ова, сакаме да донесеме играчи од светска класа, кои ќе ни помогнат да станеме посилни", соопшти Венгер.