- Заха инсистира да биде даден на позајмица
Младата надеж на Манчестер Јунајтед, Вилфред Заха е во потрага по тим, во кој да премине на позајмица во Јануари, сообштува The Daily Telegraph. Напаѓачот премина кај "црвените ѓаволи" од Кристал Палас во почетокот на 2013 година, но сé уште чека деби со тимот во Премиер лигата. Недостатокот на доволно време за ира го поттикнува англискиот фудбалер да инсистира пред раководството на клубот да биде даден на позајмица до крајот на сезоната.
Според познавачите, тренерскиот штаб на Манчестер Јунајтед нема ништо против да го испрати Заха во друг тим, во кој ќе добие повеќе можности за игра. Кон напаѓачот има интерес од неколку екипи од Премиер лигата, но враќање во Кристал Палас во оваа фаза не се разгледува.





































