- Бартон повторно избувна: Фергусон не е никаков тренер, а англискиот национален тим е "ла ** о"!
Халфот на Квинс Парк Ренџерс, Џои Бартон направи уште една сензационална изјавата во која го нападна легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, како и целиот англиски национален тим.
"Ние ги цениме премногу менаџерите, но не ни е гајле воопшто за тоа со какви тренери располагаме. Немам никаква намера да не го непочитувам Сер Алекс Фергусон, тој беше неверојатен менаџер, но ако требаше да одржи само еден тренинг, за да го спаси својот живот, ќе беше изгубен. Нема идеја како ќе ги нареди конусите. Постои огромна разлика помеѓу тоа да си тренер и менаџер".
"Англискиот национален тим е лајно. Што е поентата на оваа нова комисија за националните тимови, која сега ја градат ? Одлично е, ако се викаш Грег Дајк (претседателот на ФА), бидејќи тогаш ќе има осум лица, на кои ќе може да се покаже со прст, кога нема да успееме на следното светско првенство. Одлична е и за шефовите на Премиер лигата, кои со неа се изолираат од проблемот. ФА е архаична и воопшто не може да се справи со проблемите кои ги има пред себе. Дури не ја раководи елитната дивизија на земјата. Истовремено Премиер лигата не се интересира воопшто од англискиот фудбал, а само од тоа како да ги продава своите производи. Не верувам, дека имаме којзнае какви добри фудбалери. Точно е, дека сите тие имаат освоено многу титули со клубовите, но во нив играат со многу добри странски колеги", изјави Бартон.