CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Thursday, 10 October 2013

ДЕНИ МАРФИ СЕТАВИ КРАЈ НА КАРИЕРАТА.

-  Дени Марфи се откажа од фудбалот

Еден од најискусните фудбалери во последните години во англиската Премиер лига, Дени Марфи го најави своето повлекување од фудбалот. 36-годишниот халф, кој изгради богата кариера во елитниот фудбал на Англија, е без тим од летото, откако се раздели со Блекбурн Роверс.
"Прочитав многу различни информации во печатот во врска со тоа дали ќе играм во овој или оној тим и можам ли да бидам користен, но мојата одлука беше да престанам со фудбалот и беше донесена уште пред неколку месеци. Едноставно не сум го објавил официјално. Затоа сега го кажувам во прав текст, се откажувам од фудбалот и не сакам повеќе да ми ѕвонат новинарите и менаџерите и да ме прашуваат дали сакам да играм во овој или оној клуб. Го решив тоа пред три-четири недели. Тоа беше од мене, завршив. 20 години му дадов на фудбалот и мислам, дека имав прекрасна кариера, кон кое може да гледам со восхит", коментира Дени Марфи пред "Ливерпул Екоу".

ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА СЕ ПОМАЛКУ АНГЛИЧАНИ.

-  Премиер лигата е сè помалку англиска

Англиските фудбалери биле на теренот во само една третина од вкупниот број на минути одиграни досега во Премиер лигата во оваа сезона. Тоа покажува истражувањето на BBC. Точниот процент на учеството на локалните фудбалери е 31,8%. За споредба, во Примера шпанците одиграле 59% од вкупното време, додека процентот на германците во Бундеслигата е 50%. Податоците за Серија А се 45.4%. Од странците најмногу време за игра оствариле французите-7,99%, следени од шпанските фудбалери - 6,18%.

ФАБИО САКА ДА ГО НАПУШТИ ЈУНАЈТЕД.

-  Фабио мисли за разделба со Манчестер Јунајтед

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Фабио да Силва призна, дека размислува дали да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
"Не знам што да правам. Можеби во следниот трансфер прозорец или на крајот на сезоната ќе си тргнам. Имам добри можности пред себе. Веќе си барам нов тим, но засега нема ништо сигурно. Ќе го оставам прашањето за подоцнежна фаза. Сакам да бидам среќен, сакам да играм редовно и да бидам поблиску до своето семејство. Може и да се вратам во Бразил, но ќе разговарам со мојот менаџер, за да видиме што е најдобро за мене. Приврзаноста ми кон Флуминензе е многу голема. Играв таму цели седум години. Со радост би се вратил таму, бидејќи го сакам овој тим", изјави Фабио.

АГУЕРО САКАЛ ДА СЕ ВРАТИ ВО АРГЕНТИНА

-  Агуеро мислел за враќање во Аргентина

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро призна дека размислувал за враќање во Аргентина во текот на летото. Причината за тоа е испаѓањето на неговиот роден клуб Индепендиенте од елитата во неговата татковина и желбата на играчот да му помогне на клубот да се врати во првиот ешалон. 
"Го сакам Индепениенте, а кога дознав за неговото испаѓање, веднаш ми дојде идејата да се врати таму за да му помогнеме за неговото враќање во елитата. Навистина мислев за ова прашање, но мојот агент ми кажа, дека од Сити ќе ме убие ако разбере за тоа. Знам, дека работата ми е да играм за Сити, но само кажувам, дека во мојот ум ми мина слична мисла да  му помогна на Индепендиенте. Инаку се чувствувам среќен овде уште од првиот ден. Сигурно, кон крајот на мојата кариера повторно ќе го облечам дресот на Индипендиенте", изјави Агуеро.

КОЛКУ СЕ "МИРНИ" ФАНОВИТЕ ВО АНГЛИЈА.

-  Навивачите на Њукасл се најапсени во Англија

Според податоците објавени од страна на Министерството за внатрешни работи, навивачите на Њукасл се со најголем број апсења помеѓу сите клубови во Англија. Статистиката е од сезоната 2012 - 2013 и ги опфаќа сите нивоа на англискиот фудбал. Еве ги и првите десет: 
1. Њукасл Јунајтед - 175  
2. Манчестер Јунајтед - 145 
3. Лидс - 101
4. Манчестер Сити - 95 
5. Челси - 92 
6. Нунеатон Таун - 87 
7. Сандерленд - 71 
8. Вест Хем - 67 
9. Милвол - 67 
10. Вулверхемптон - 56

ИВАНОВИЌ: ЧЕЛСИ ТРЕБА ДА ЈА ПОДОБРИ ИГРАТА.

-  Челси треба да префрли на друга брзина, ако сака трофеи

Бранислав Ивановиќ смета дека Челси нема да ги постигне своите цели за оваа сезона, ако не заигра уште подобро.
"Има уште многу тешка работа кои треба да се направат. Досега одигравме некои многу добри натпревари, но имаше и неколку загуби. Тимот и нашата играта како целина можат да бидат подобри и мислам, дека токму тоа ќе го направиме по паузата за меѓународни натпревари", изјави Ивановиќ пред клупскиот сајт на "сините".

АРОН ЛЕНОН БЛИЗУ ДО ВРАЌАЊЕ ВО ИГРА ЗА ТОТНЕМ.

-  Ленон се врати на нормалниот тренинг

Менаџерот на Тотнем, Андре Вилаш-Боаш е многу задоволен што повторно ќе може да смета на Арон Ленон, откако крилото започна со нормални тренинзи.
Крилото заработи повреда уште во првиот натпревар од сезоната против Кристал Палас и оттогаш нема играно, ги пропушти наредните 11 натпревари поради повредата.
"Многу сум задоволен. Помина многу време без да можеме да сметаме на играч од класата на Арон, па сега сите во тимот сме среќни за него".
"Во текот на годините тој докажа, дека е од огромно значење за нас и тоа што повторно е на линија е голем плус за тимот. Дали ќе игра против Вила сепак зависи од тоа дали ќе влезе во добар ритам, како и од мислењето на нашите лекарите", изјави Вила -Боаш пред официјалниот сајт на Тотнем.


ДАЈК: ТРЕБА ПРОМЕНИ ВО ПРАВИЛАТА НА ФА.

-  Шефот на ФА сакаат промена

Претседателот на ФА, Грег Дајк побара промена на дисциплинските правила, незадоволен што Фернандо Торес не доби казна по инцидентот со Јан Вертонген пред 10 дена.
"Сегашната ситуација не е правилна. Кога милиони фанови можат да ја видат ситуацијата како оваа по телевизија, но ФА не изрече казна, е нормално да има разочарување. Очигледно промените во правилата не беа доволни. Како претседател на ФА не можам да си објаснам зошто не е изречена казна за нешто толку очигледно", изјави Дајк.
Минатата недела менаџерот на Тотнем, Андре Вила-Боаш исто така негодуваше против тоа, што на Торес му беше простено.

ВБА НЕ ГО ДАВА БЕРАИНО.

-  Вест Бром не го пушта Бераино

Вест Бромич нема намера да се раздели со играчот кој направи одличен впечаток од почетокот на сезоната Саидо Бераино.
Менаџерот Стив Кларк ги предупреди оние кои сакаат да го земат младиот играч, дека е подобро воопшто да не вложуваат напори за тоа.
Младинскиот репрезентативец на Англија блесна со 5 гола во 7 натпревари во сезоната, а постигна погодок и во сензационалната победа над Манчестер Јунајтед.
Тој добива само 850 фунти неделно, но наскоро тоа ќе се промени. Се зборува, дека Арсенал и Евертон се заинтересирани за него, но Кларк е категоричен, дека тој ќе остане на "Д Хоуторнс".
"Ова се само шпекулации. Тој има договор со Вест Бромич до крајот на следната сезона, па имаме доволно време да ја решиме иднината на Саидо. Тој разбира добро, дека наградите и парите доаѓаат по здрава работа и труд и треба едноставно да биде сконцентриран на фудбалот и да остави другите да мислат за неговиот договор. Неговата иднината во фудбалот изгледа блескава и она што треба да гонаправи, е да работи напорно за да направи така, што и по 10 години да биде на високо ниво. Искрено не сум изненаден од неговата презентација, бидејќи уште минатата година покажа квалитети, но потоа за жал заработи тешка повреда. Сега, сепак повторно е во форма", изјави Кларк.

ЈАЈА ТУРЕ: ВИЕ МЕДИУМИТЕ ГО ИСТЕРАВТЕ БАЛОТЕЛИ ОД АНГЛИЈА.

-  Туре: Медиумите го избркаа Балотели

Фудбалерот на Манчестер Сити, Јаја Туре ги обвини медиумите, дека биле неправедни кон напаѓачот Марио Балотели и тие се причината за неговиот трансфер.
"Многу ми беше жал, кога Марио си отиде. Многу добар и талентиран фудбалер. Вие медиумите го истеравте. Во Англија беше напаѓан без престанок за сè. Точно е, дека има тежок карактер, но не беше таков, каков што го претставувавте", изјави Јаја Туре.

ВО КАРДИФ СЕ СЛУЛИ ЧУДНО НАЗНАЧУВАЊЕ !!!

-  Малки Макај може да го напушти Кардиф

Малки Макај е најновиот фаворит за тренерски отказ во Премиер лигата. Причина за разрешување на експертот, кој е многу популарен меѓу локалните навивачи, може да се случи не поради спортските резултати на тимот, а внатрешните несогласувања во Кардиф. Според гласините, Малки е многу незадоволен од тоа, што одговорниот за новите засилувања Јан Муди е отстранет од извршувањето на своите обврски.
На местото на Муди сопственикот на Кардиф, Винсент Тан го поставил пријателот на својот син, 23-годишниот казахстанец Алишер Апсаљамов кој е потполно мистериозна фигура за англискиот фудбал и според гласините, дури не поседува никакво искуство во светот на најпопуларниот спорт на планетава.
Апсаљамов е во Кардиф само 3 месеци, прво работел, општа работа во клубот, вклучувајќи и бојадисувањето на ѕидовите на стадионот. Потоа, тој почнал да гледа натпревари на Кардиф на својот лаптоп, за да се "подготвува" за работа.
Муди пристигна со Макај од Ватфорд во 2011 година и во текот на летото успеа да го засили тимот со фудбалери како Стивен Колкер, Гари Медел и Андреас Корнелиус. Според информациите, вчера на Муди му било соопштено, дека е отстранет од клубот. Потоа бил вратен за да се стигне до последното решение, пуштен во платено отсуство до истекот на актуелниот договорот.

КОЛМАН: МОЈС ЌЕ ЈА ПОПРАВИ СИТУАЦИЈАТА ВО ЈУНАЈТЕД.

-  Колман: Мојс ќе ги среди работите во Јунајтед

Дефанзивецот на Евертон, Колман изјави, дека тренерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс е способен да ја поправам ситуацијата во која се најде шампиони на почетокот на сезоната.
"Поаѓајќи од времето, поминато со него, јас можам да кажам, дека тој е топ-менаџер, кој одлично се справи во Евертон. Дејвид заслужено ја доби работата, беше препорачан лично од Сер Алекс и јас верувам, дека ќе ја поправи ситуацијата. Уште е почеток на сезоната, зад нас има само неколку натпревари и јас сум убеден, дека работите кај него ќе бидат поправени", изјави Колман.

ВОКЕР: ТОТНЕМ МОЖЕ ВО ТОП 4.

-  Вокер: Тотнем има сили за топ 4

Дефанзивецот на Тотнем, Кајл Вокер изјави, дека независно од загубата на домашен терен од Вест Хем во последното коло на Премиер лигата, тимот има добри шанси да ја заврши сезоната во топ 4.
"Многу е рано да се зборува за тоа, каде ќе бидеме на крајот на сезоната. Но, ако покажуваме добар фудбал, јас не гледам никакви причини да заврши во првата четворка. Летото во Тотнем настапија големи измени, дојдоа нови играчи и тие имаат потреба од адаптација", вели Вокер.

МЕРТЕЗАКЕР ЌЕ ДОБИЕ ПРЕДЛОГ ЗА НОВ ДОГОВОР СО АРСЕНАЛ.

-  Арсенал започна преговори со Мертезакер

Дефанзивецот Пер Мертезакер започна преговори со Асренал за нов тригодишен договор. Актуелниот договор на германскиот репрезентативец, кој во Септември наполни 29 години, истекува на крајот на следната сезона. Тренерската штабот на "топџиите" е многу задоволен од дефанзивецот и е подготвен да ја продолжи соработката со него до 2017 година.
Мертезакер игра за Арсенал од Август 2011 година, кога пристигна од Вердер за сума од 8 милиони фунти. Проблемите со здравјето на Томас Вермален и нестабилноста на Лоран Кошчелни му дозволија на Пер да се етаблира како еден од клучните фудбалери во составот на Арсен Венгер.
Според британските медиуми, преговорите за условите на новиот договор веќе започнале.


МАКЕДА СЕ ВРАТИ ВО ЈУНАЈТЕД.

-  Македа се врати во Јунајтед со повреда

Клубот од Чемпионшип дивизијата, Донкастер предвремено го раскина договорот за позајмувањето на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Федерио Македа. Како што е познато, минатиот месец Роверс го зедоа од шампионот 22-годишниот италијанец, со право еднострано да го продолжат рокот на договорот. До овој момент Македа настапи на пет натпревари во кои постигна три гола, но поради повреда на тетивата подколеното Федерико ќе треба да се врати во Јунајтед .
"Тој ќе пропушти неколку недели. Комуницираме со Манчестер Јунајтед по прашањето за новиот договор откако ќе ја излечи повредата", изјави тренерот на Донкастер, Пол Диков.