- Удар за Манчестер Јунајтед, Фелаини аут за седум недели
Новото засилување на Манчестер Јунајтед Маруан Фелаини , за кого шампионите платија 27,5 милиони фунти, по секоја веројатност ќе отсуствува од игра околу седум недели, соопшти ESPN. Причината за ова е што белгиецот има оштетени лигаменти на зглоб на раката и ќе мора да се подложи на операција. Халфот доби повредата за време на тренингот, а потоа го пропушти гостувањето на Сандерленд во Сабота. Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс изјави, дека денес Фелаини треба да биде прегледан од специјалист. По прегледот, сепак дојдоа и лоши вести за подолгото отсуство не поранешната ѕвезда на Евертон.
Информациите се уште не е потврдена официјално од клубот.














