Thursday, 3 October 2013

РУНИ ЌЕ ИГРА ПРОТИВ САНДЕРЛЕНД.

-  Руни подготвен за средбата со Сандерленд

Напаѓачот Вејн Руни ќе се врати во составот на Манчестер Јунајтед за гостувањето во Сандерленд од Премиер лига во саботата. Англискиот репрезентативец бил удрен во главата од својот соиграч Дени Велбек за време на тренингот во вторникот.
"Вејн Руни ќе биде подготвен за Сабота. Решивме да не ризикуваме со него, откако се судри со Дани Велбек на тренингот", изјави менаџерот на "црвените ѓаволи" Дејвид Мојс.

ПЕЛЕГРИНИ РАЗОЧАРАН ОД ИГРАТА НА СИТИ ВО ЛШ.

-  Пелегрини: Не игравме добро

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини ги критикуваше своите играчи по поразот со 1:3 дома од Баерн во Лигата на Шампионите.
"Не игравме воопшто добро, тоа не беше играта која ја покажуваме секоја Недела во Премиер лигата и тоа е најлошото. Не ја поседувавме топката и не направивме ништо значајно. Баерн имаше иницијативата, а денес не беше воопшто добар ден за нас. Вие новинарите може да направите проценка на секој од играчите, но не мислам дека вината за загубата е само во нашиот голман", смета Пелегрини.

МОЈС ЗАДОВОЛЕН ОД РЕЗУЛТАТОТ ВО ЛШ.

-  Мојс: На хартија ова е добар резултат

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс го прифати филозофски ремито 1:1 против Шахтјор Донецк во групата "А" од Лигата на Шампионите.
"Тимот стоеше добро вечерва. Сметам дека се заштитиме доста успешно и верував дека нема да примиме гол. Освен тоа Ван Перси имаше добра можност да го зголеми водството, и ако постигнеше погодок, ќе победевме доста лесно. При нивниот погодок топката мина низ неколку играчи, пред се стигне до Видиќ каде имаше рикошет и им овозможи да израмнат. На крајот сепак освоивме бод во Лигата на Шампионите. Во моментов тоа не ни дава голема предност, но на хартија тоа е добар резултат во гостување против тежок противник ", изјави Мојс.

МАТА ВЕРУВА ВО ВТОРА ШАНСА

-  Мата уверен во вторатат шанса

Полудефанзивецот на Челси, Хуан Мата, е уверен дека ќе добие втора шанса во тимот, иако падна во немилост по враќањето на Жозе Мурињо.
"Продолжувам да тренирам и да се подготви за секој натпревар. Се надевам дека ќе играм уште многу натпревари во сезоната. Се обидувам да ја подобрувам играта секоја сезона, првата и втората сезона ми беа фантастични, но сакам ова да биде уште подобар. Тоа значи да се развивам, да постигнувам голови, да асистирам, сето она што се очекува од мене", изјави Мата. 

ЈУНАЈТЕД ГИ ОБНОВИ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НОВ ДОГОВОР ЗА ЈАНУЗАЈ.

-  Јунајтед ги продолжи преговорите за новиот договор на Јанузај

Претставникот на полудефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај призна дека по заминувањето на Сер Алекс преговорите за продолжување на договорот на играчот привремено биле прекинати. Во исто време агент Дирк Де Врисе истакна, дека разговорите со клубот на оваа тема ќе бидат повторно обновени.
"Не сакам да кажувам кои клубови се заинтересирани за мојот клиент. Можам само да потврдам дека за него има интерес од неколку европски екипи. Поради заминувањето на Сер Алекс нашите преговори за продолжување на договорот беа прекинати. Сега сакаме, да се вратиме на овие разговори и да видиме како ќе се одвиваат работите", изјави агентот.

ЈУНАЈТЕД РЕМИЗИРАШЕ 1:1 СО ШАХТЈОР.

-  Шахтјор зеде бод од Јунајтед

Екипите на Шахтјор Донецк и Манчестер Јунајтед не успеаја да се победат во меѓусебниот дуел од групата "А" од Лигата на Шампионите. Двата тима одиграа рамноправен натпревар на "Донбас Арена" кој заврши со резултат 1:1. Гостите први го открија резултатот во натпреварот со погодокот на Дани Велбек во 18-тата минута, но во 76-тата минута домаќините се изборија за биод со погодокот на Тајсон. Па двата тима остануваат со израмнети сили и своени по 4 поени од првите две средби и  ги делат првите две неста на табелата во групата.


LINEUP

Shakhtar Donetsk

  • 30 Pyatov
  • 13 Shevchuk
  • 05 Kucher
  • 33 Srna
  • 44 Rakitskiy
  • 29 Teixeira
  • 20 Douglas Costa
  • 28 Taison (Bernard - 91' )
  • 17 Fernando (Ilsinho - 84' )
  • 03 Hübschman
  • 09 Luiz Adriano (Ferreyra - 90' )

Substitutes

  • 06 Stepanenko
  • 32 Kanibolotskiy
  • 11 Eduardo
  • 10 Bernard
  • 19 Ferreyra
  • 38 Krivtsov
  • 77 Ilsinho

Manchester United

  • 01 De Gea
  • 12 Smalling
  • 15 Vidic Booked
  • 02 Rafael
  • 03 Evra
  • 19 Welbeck (Jones - 92' )
  • 16 Carrick
  • 25 Valencia
  • 23 Cleverley
  • 31 Fellaini Booked (Giggs - 66' )
  • 20 van Persie

Substitutes

  • 13 Lindegaard
  • 17 Nani
  • 26 Kagawa
  • 11 Giggs
  • 04 Jones
  • 18 Young
  • 14 Hernández
Ref: Pavel Kralovec

MATCH STATS

Possession43%57%90minsShakhtar DonetskManchester United

Shots

64

On target

21

Corners

63

Fouls

917


    

СИТИ ПОРАЗЕН СО 1:3 ОД БАЕРН МИНХЕН.

-  Баерн го победи Манчестер Сити со шампионска класа

Европскиот клупски шампион Баерн Минхен го победи Манчестер Сити со 3:1 на "Етихад" во дуелот од второто коло од натпреварот во Група D на Лигата на Шампионите. Франк Рибери (7 '), Томас Милер (56') и Арјен Робен (60 ') го донесоа заслужениот успех на Баерн, предводени од Пеп Гвардиола, тимот кој покажа неверојатна класа. Алваро Негредо го постигна почесното погодок за домаќините десет минути пред крајот. Гостите го завршија дуелот со човек помалку, откако Џером Боатенг доби директен црвен картон во 86-тата минута. Така конечниот резултат беше Манчестер Сити 1:3 Баерн Минхен.


LINEUP

Manchester City

  • 01 Hart
  • 04 Kompany
  • 33 Nastasic
  • 02 Richards
  • 22 Clichy
  • 25 Fernandinho
  • 15 Jesús Navas
  • 42 Touré
  • 08 Nasri Booked (Milner - 70' Booked )
  • 16 Agüero Booked (Silva - 70' )
  • 10 Dzeko (Negredo - 57' )

Substitutes

  • 09 Negredo
  • 06 Lescott
  • 05 Zabaleta
  • 21 Silva
  • 30 Pantilimon
  • 14 Javi García
  • 07 Milner

Bayern Munich

  • 01 Neuer
  • 17 Boateng Dismissed
  • 04 Dante
  • 27 Alaba
  • 13 Rafinha
  • 39 Kroos Booked
  • 31 Schweinsteiger (Kirchhoff - 76' )
  • 21 Lahm
  • 07 Ribéry (Götze - 85' )
  • 10 Robben (Shaqiri - 78' )
  • 25 Müller

Substitutes

  • 26 Contento
  • 15 Kirchhoff
  • 05 van Buyten
  • 19 Götze
  • 09 Mandzukic
  • 22 Starke
  • 11 Shaqiri
Ref: Bjorn Kuipers

MATCH STATS

Possession66%34%90minsManchester CityBayern Munich

Shots

920

On target

38

Corners

64

Fouls

1513



Wednesday, 2 October 2013

ЏЕРАРД: МНОГУТЕ СТРАНЦИ ИМ ПОПРЕЧУВААТ НА АНГЛИСКИТЕ ТАЛЕНТИ

-  Џерард: Странците им пречат на англиските таленти

Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард смета, дека големиот број странци во првенството им попречува на англиските таленти да се пробијат во своите тимови.
"Менаџерите во Премиер лигата не сакаат да превземат ризици со наметнувањето на млади, но непознати играчи. Во овој поглед Брендон Роџерс е фантастичен тренер, бидејќи им дава шанса на помладите. Но нема сомнеж, дека во денешно време за англиските таленти е потешко да се пробијат, бидејќи веќе е полн со странци, кои го попречуваат ивниот развојот", изјави Стивен Џерард.

АВБ: НЕЗАДОВОЛЕН ОД ОДЛУКАТА НА ФА

-  АВБ: Одлуката на ФА за Торес е фарса

Менаџерот на Тотнем Андре Вилаш-Боаш го сподели своето несогласување со одлуката на ФА за инцидентот меѓу Фернандо Торес и Јан Вертонген.
"Оваа одлука е речиси фарса. Нема никакво значење кој играч или клуб е вовлечен. Не сакам, со моето искуство да ја заштитам нашата позиција и да ја ставам под прашање чесноста на Фернандо или нивниот менаџер. Мислам дека решението што го зеде ФА, е речиси како шега. Се чини неверојатно. Како е можно да се видат сите оние слики кои ја покажуваат јасно ситуацијата и да не биде изречено никаква казна за нешто што нема никаква врска со професионалното однесување? Мислам дека ова решение е неправедно", изјави Андре Вилаш-Боаш.

ФЕРГИ: АБРАМОВИЧ МЕ ПОСАКУВАШЕ ВО ЧЕЛСИ, НО ЈА ОДБИВ ПОНУДАТА

-  Сер Алекс: Абрамович ме сакаше во Челси

Сер Алекс Фергусон инсистира, дека нема намера да се враќа на менаџерскиот пост и верува дека Манчестер Јунајтед е во добри раце во моментов .
"Немам намера да се враќам кон работата на менаџер. Јунајтед е во добри раце со Дејвид Мојс на чело. Тој ќе се справи, добар менаџер е. Ќе си ги фрлите парите на ветрот, ако одите да се обложуваат дека ќе се вратам како менаџер. Јас ја зедов мојата одлука. Моментот беше идеален. Нема враќање назад за мене, сега имам нов живот", рече Фергусон, кој беше гостин на Чарли Роуз од PBS.
Сер Алекс откри дека собстевникът на Челси, Роман Абрамович се обидел да го доведе на "Стемфорд Бриџ" во 2003 година, но удрил на камен.
"Тие користеа агент за да се поврзат со мене, кога Абрамович го купи Челси, но јас кажав, нема шанси", рече Фергусон . Шкотланѓанецот потврди дека Вејн Руни посакал да го напушти "Олд Трафорд" ден откако "црвените ѓаволи" ја освоија титулата во Англија, но призна дека останал импресиониран од тоа како напаѓачот успеал да ја поврати добрата форма. "Младите играчи ќе се учат од Вејн Руни, а и тој ќе земе нешто од нив", смета Фергусон.

РОБИ, СТИВ И РОБ СЕ ВРАТИЈА ВО ТИМОТ НА ЛИВЕРПУЛ КАКО ТРЕНЕРИ

-  Роџерс врати легенди на "Енфилд"

Легендите на Ливерпул, Роби Фаулер и Стив Макманаман, како и уште еден поранешен играч на тимот Роб Џонс, се вратија во клубот.
Тројцата ќе работат во академијата, тие ќе помагаат во развојот на тимовите до 18 и 21 години. Менаџерот Брендон Роџерс бил тој, кој проценил дека тие ќе бидат корисни за тимот.
"Одлично е, тоа што Роби, Стив и Роб се кај нас. Уште во текот на летото разговарав со доста поранешни играчи за нивната улога овде, бидејќи за мене е важно поранешни фудбалери на тимот да бидат во тимот, бидејќи тие ќе бидат корисни за младите".
"Тие ќе работат со најголемите, бидејќи во оваа фаза тоа се момците кои можат да бидат корисни и на првиот тим. Станува збор за тренерски обврски, како и за воспитни функции и давање на совети",  изјави Роџерс пред "Ливерпул Ехо".

ПАРДЈУ: ПОСАКУВА МЕСТО ВО ТОП 10 НА ТАБЕЛАТА

-  Пардју посакува место во ТОП 10

Менаџерот на Њукасл, Алан Пардју е сигурен дека неговиот тим може да заврши во првата половина на табелата, покрај лошиот старт на сезоната.
"Имаме шанси да влеземе во Топ 10. До моментов сме непостојани, особено во одбраната, но имаме потенцијал. Јасно е дека, треба да се стабилизираме и за таа цел ќе има промени во тимот".
"Го разбирам незадоволството на навивачите, откако губевме со 3:0 и игравме ужасно во одбраната. Сепак, мислам дека, потоа тие видоа и работи, кои можеме да ги надградиме, имено дух, желбата за борба и квалитет во тимот", изјави Пардју.

ТОРЕС АУТ 2 НЕДЕЛИ ОД ТЕРЕНИТЕ

-  Мурињо очекува Торес да биде подготвен за игра после 2 недели

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо очекува шпанскиот напаѓач во тимот Фернандо Торес да биде подготвен за игра после 2 недели.
"Лошата вест е повредата на Торес. Штета за момчето, бидејќи тој се наоѓаше во многу добра физичка состојба. Играше фантастично против Тотнем и заслужуваше да започне како стартер. Штета навистина, но тоа е фудбалот. Докторот е убеден дека не станува збор за тешка повреда, како кај Марко ван Гинкел но проблемот е во коленото, нешто со тетивите и треба да почекаме дополнителните тестови. Фернандо знае дека нема да игра против Норич (шпанецот е казнет за овој натпревар) и нема да се вклучи во шпанскиот национален тим. Тој знае дека има 15 дена до следниот натпревар во кој може да игра против Кардиф", изјави Мурињо по натпреварот во романската престолнина. 


МУРИЊО: ДОМИНИРАВМЕ ПРОТИВ СТЕАУА

-  Мурињо објасни како Челси ќе ја прескокне групата

Челси требаше задолжително да ја победи Стеауа, по изненадувачки пораз од Базел на стартот на Лигата на Шампионите и тимот на Жозе Мурињо покажа дека, си зел поука.
"Резултатот е одличен, победивме, не примивме гол. Нашата презентацијата  беше повеќе од убедливо. Во Лигата на Шампионите никогаш не е лесно на гостински терен, но ние доминиравме од првата минута. Игравме паметно и веќе имаме 3 поени од два натпревари, во кое нема ништо драматично. Ривалите не се далеку од нас. Шалке има предност, но ни претстојат два натпревари со нив. Очекувам да земеме поени од дуелите со германците, а потоа да ги победиме Базел и Стеауа и да се пласираме напред", во типичен стил изјави Мурињо.


ВЕНГЕР ЗАДОВОЛЕН ОД ПОБЕДАТА ВО ЛШ

-  Венгер: Првото полувреме беше фантастично

Арсенал со леснотија го победи Наполи и постигна втор успех во Лигата на Шампионите. По натпреварот менаџерот на "топџиите" Арсен Венгер не штедеше пофалбите кон своите фудбалери.
"Одигравме неверојатен натпревар, особено првото полувреме беше фантастично. Покажавме сè, што човек сака да го види во фудбалот. Во второто полувреме игравме зрело и смирено, но продолживме да создаваме гол шанси. Многу сум задоволен од Артета и Фламини. Матио мораше често да се вклучува во нападите, заедно со Рамзи, и се справи одлично. Секако, не можам да не го споменам и Озил".
"Две победи на стартот, тоа е прекрасно. Следните два натпревари се одлучувачки. Се надевам по паузата поради националните тимови да играме на истото високо ниво", коментира Венгер.