- Милнер го заштити Џо Харт
Фудбалерот на Манчестер Сити и репрезентацијата на Англија, Џејмс Милнер го заштити соиграчот Џо Харт.
"Тој е жртва на сопствениот успех. Луѓето велат дека Џо Харт играл послабо минатата сезона, но заборавија дека тој освои Златната ракавица"
"Минатата сезона игравме против Борусија Дортмунд во Лигата на Шампионите и тогаш видов едно од најдобрите претставувања на голман во мојот живот. Можевме многу лесно да го загубиме натпреварот со барем 8:1 и тоа воопшто не е претерување. Јас сум среќен полудефанзивец, бидејќи ако згрешам, зад мене има четворица врвни дефанзивци и добар голман, кои ќе ме покриваат. Ако Џо сепак направи грешка и топката се најде во мрежата, ќе го има повеќе критики кон него. Тоа е несреќна страна, да бидеш голман. Тој, сепак, е врвен играч и сме среќни, што е во нашиот состав", изјави Милнер.














