CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Tuesday, 3 September 2013

ЈУНАЈТЕД ГИ ДОНЕСЕ ФЕЛАИНИ И КОЕНТРАО, НО ОД ЈУНАЈТЕД УШТЕ НЕМА ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА.

-  Јунајтед ги донесе Фелаини и Коентрао во последен момент

Манчестер Јунајтед сепак направи трансфери овој преоден рок. Токму во последен момент "црвените ѓаволи" го финализираа трансферот на фудбалерот на Евертон, Маруан Фелаини.
Тоа се реализира, откако белгиецот поднесе официјална молба за трансфер. Јунајтед ќе плати за Фелаини 27.5 милиони фунти. Тоа е со 5,5 милиони повеќе отколку клаузулата за раскинување на договорот на фудбалерот, кој истече на 31 јули.
Истовремено Дејвид Мојс, успеа да најде замена на Бејнс. Тоа е дефанзивецот на Реал Мадрид, Фабио Коентрао. Португалецот доаѓа на "Олд Трафорд" на позајмица за една сезона.
И двата трансфера на Фелаини и Коентрао сепак треба да бидат потврдени од Премиер Лига, бидејќи се случија во последените момент.

КАПУ НАДВОР ОД ТЕРЕНИТЕ ОКОЛУ 4 НЕДЕЛИ.

- Капуа аут  4 недели

Полудефанзивецот на Тотнем, Етиен Капуа ќе отсуствува четири неделиод трените, потврдија од клубот.
Играчот настрада вчера во дербито по судир со Санти Касорла од Арсенал, кој ненамерно падна врз неговата нога и му го повреди глуждот.
Првичните стравувања беа дека играчот заработил сериозна повреда, но денешните рендгенски прегледи потврдија дека фибула на левата нога не е скршена и тој ќе се рехабилитира за еден месец.
Капуа беше донесен ова лето од Тулуз за 9,3 милиони фунти и беше стартер во секој од трите натпревари на Тотнем од почетокот на сезоната во Премиер лигата.

ОФИЦИЈАЛНО: СЕСЕЊОН Е ИГРАЧ НА ВБА.

-  ВБА го зеде Сасењон

ВБА го финализира трансферот на Стефан Сасењон од Сандерленд, соопштува официјалниот сајт на Албион.
29-годишниот напаѓач потпишал договор за три години.
Трансферната сума која е платена на Сандерленд, не е објавена, но со сигурнос таа надминува 6 милиони евра.
Од ВБА информираа дека Сасењон го скршил претходниот трансфер рекорд на клубот. Досега најскапиот играч, донесе на "Д Хоуторнс", беше Шејн Лонг, за кого беа дадени 6 милиони фунти.
Сасењон ќе го носи дресот со број 29 во новиот тим.


КПР ГО ЗЕДЕ НА ПОЗАЈМИЦА КРАЊЧАР ОД ДИНАМО КИЕВ.

-  Крањчар се враќа на Островот

29-годишниот хрватски репрезентативец Нико Крањчар се врати во англискиот фудбал. Фудбалерот, кој го носеше дресот на Тотнем и Портсмут, ќе ја одигра сезоната во испаднатиот во Чемпионшип дивизијата тим на Квинс Парк Ренџерс. Тој пристигнува на "Лофтус Роуд" на позајмица за една сезона во Динамо (Киев).

ПРВИТЕ ЗБОРОВИ НА ОЗИЛ КАКО ФУДБАЛЕР НА АРСЕНАЛ...

- Новиот № 11 на Арсенал: Ја сакам титулата!

Најскапиот фудбалер во историјата на Арсенал, Месут Озил ќе игра со № 11 на "Емирејтс". Тоа го соопштија од клубот, откако се согласија да платат 42,5 милиони фунти за услугите на 24-годишниот германски репрезентативец. 
"Гледам со нетрпение кон својата иднината во англиската Премиер лига и Арсенал. Во разговорите со Арсен Венгер јас го почувствував она што досега ми недостигаше - целосна и искрена доверба во моите квалитетите. Сега сакам да му се одолжам на него и клубот и да помогна конечно да ја освоиме титулата! ", коментира фудбалерот.

Monday, 2 September 2013

ОФИЦИЈАЛНО: ОЗИЛ Е ИГРАЧ НА АРСЕНАЛ.

-  Арсенал го објави трансферот на Озил.

Раководството на Арсенал конечно го потврди трансферот на полудефанзивецот од Реал Мадрид, Месут Озил. Менаџерот на "топџиите " Арсен Венгер скрши неколку рекордот за да ги обезбеди услугите на германскиот репрезентативец. Со платени за 24 -годишниот фудбалер, 42 милиони фунти, Венгер ја плаќа најголема сума во историјата на Арсенал, како и најголемата трансфер цена за влезен трансфер во Англија ова лето. Веста беше соопштена на официјалниот сајт на Арсенал , каде се истакнува дека договорот на Озил со лондонскиот клуб е " долгрочен", а договорот - "рекорден".
Арсен Венгер проговори пред официјалниот сајт на Арсенал :
"Особено сме задоволни да го објавиме потписот на Месут Озил. Тој е одличен играч, со докажани квалитети на клубско и национално ниво . Ние веќе подолго време го гледаме и го следиме, и тој ги има сите квалитети кои ги бараме од играчи од Арсенал . "
"Цело лето велам дека работиме напорно за да доведете квалитетни играчи во клубот. Тоа е работа на многу луѓе во клубот и навивачите не поддржаа да го направиме ова решение. Месут е квалитетен играч. Тој ќе биде фантастично засилување за нашиот талентиран состав. Го очекуваме го во Арсенал по натпреварите со Германија".

ОФИЦИЈАЛНО: ТОТНЕМ ГО ПРАТИ НА ПОЗАЈМИЦА АСУ-ЕКОТО ВО КПР.

-  Тотнем го испрати Асу-Екото во КПР

Левиот бек на Тотнем Беноа Асу-Екото премина во екипата на Квинс Парк Ренџерс. Тоа го потврди самиот фудбалер на својот официјалниот профил на Twitter. Камерунскиот репрезентативец го загуби првотимскиот статус под водство на Андре Вилаш-Боаш и одлучи да ја побара среќата во друг лондонски клуб. Екото ќе игра во КПР на позајмица за една сезона.
Дефанзивецот не успеа да се избори со конкуренцијата на Дани Роуз, кој се врати на "Вајт Харт Лејн" по период на позајмица од Сандерленд.

ОФИЦИЈАЛНО: ЈУНАЈТЕД ГО ПРАТИ НА ПОЗАЈМИЦА ПАУЕЛ ВО ВИГАН.

-  Манчестер Јунајтед се раздели со халф

Во очекувањето на официјална потврда на нов трансфер, шефовите на Манчестер Јунајтед одлучија да се разделат со еден од своите фудбалери. Тоа е младиот фудбалер Ник Пауел, кој беше пратен на позајмица во Виган. 
"Постигнавме договор за привлекување на Пауел на позајмица во нашиот клуб за една година. Пред две сезони тие го испратија кај нас Том Клевърли кој сега е меѓу стартерите во нивниот состав, па очигледно им се допаѓа работа што сме ја завршиле со него", коментира претседателот на "латикс" Дејв Уилан. Гласините во Англија го ставаат Пауел во почетокот на тркало од трансфер зделки, откако Евертон го сака Џејмс Макарти од тимот на Виган, додека Манчестер Јунајтед се обидува да го земе Фелаини од тимот на "карамелите".

ОФИЦИЈАЛНО: АРСЕНАЛ ГО ЗЕДЕ НА ПОЗАЈМИЦА ВИВИАНО ОД ПАЛЕРМО

-  Арсенал зеде голман од Палермо

Голманот на Палермо Емилијано Вивиано ќе игра оваа сезона на позајмица во Арсенал, потврдија од сицилијанскиот клуб. Лондончани ќе имаат можност да го купат голманот по крајот на сезоната. "Топџиите" официјално го потврдија трансферот на италјанскиот голман
Претседател на Палермо, Маурицио Џампарини го потврди договорот со Арсенал.
"Стефано Сорентино и Самир Ујкани ќе бидат наши голмани оваа сезона. За нив не сме добиле понуди, додека Вивиано оди во Арсенал ", објави шефот на "Stadio News 24 ".

ОФИЦИЈАЛНО: ПАЛАС ПОТПИША СО ТРОЈЦА ИГРАЧИ.

-  Кристал Палас  се засили со тројца во последниот ден

Сериозна активност во последниот ден на трансфер пазарот покажа новиот член на англиската Премиер лига, Кристал Палас. Менаџерот на лондончани Јан Холовеј може да се пофали со привлекувањето на Бари Банан од Астон Вила, Адриан Мариапа од Рединг и Џак Хант од Хадерсфилд. Првите двајца фудбалери потпишаа договорите за три години со тимот од "Селхарст парк", додека Хант стави потпис на договор од четири сезони. Тие ќе бидат достапни на менаџерот уште за следниот натпревар на Палас.

БАНАН



КОНЕЧНО, СУАРЕЗ КАЖА ДЕКА ОСТАНУВА ВО ЛИВЕРПУЛ

-  Суарез најави каде ќе игра

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез објави што ќе се случи со него и каде ќе игра по денешниот ден, во кој трансфер прозорец завршува. За време на тренингот на репрезентацијата на Уругвај тој изјави: 
"Одамна ги оставив зад себе мислите за трансфер. Следната сезона ќе играм во Ливерпул. И да играм, и да не играм, моето име постојано е интересно на новинарите. Но јас ја затворив за себе оваа тема уште пред некое време. Донесов решение да остане во Ливерпул."

ОФИЦИЈАЛНО: КОЗАК Е ФУДБАЛЕР НА АСТОН ВИЛА

-  Астон Вила се засили со голгетерот на Лига Европа

Менаџерот на Астон Вила, Пол Ламберт го засили тимот со напаѓачот на Лацио, Либор Козак, соопшти официјалниот сајт на бирмингемци. Голгетерот на Лига Европа за минатата сезона потпиша договор за четири години со клубот од "Вила Парк" и стана фудбалер на клубот од Бирмингем. Тој ќе игра со № 27 во составот на Астон Вила.

ОФИЦИЈАЛНО: АЈРЛАНД ПРЕМИНА НА ПОЗАЈМИЦА ВО СТОУК СИТИ.

-  Стоук Сити го зеде Ајрланд на позајмица.

Фудбалерот на Астон Вила Стивен, Ајрланд официјално премина во Стоук Сити на позајмица до крајот на сезоната. Тоа е вториот трансфер на "грнчарот" за денешниот ден по Марко Арнаутович. Ајрланд има над 200 натпревари во англиската Премиер лига со екипите на Манчестер Сити, Астон Вила и Њукасл, но не спаѓаат во сметките на менаџерот на Вила, Пол Ламберт за новата сезона. Токму затоа Вила се согласи да го пушти на "Британија Стејдиам".

ЛИВЕРПУЛ ГО ПРАТИ БОРИНИ НА ПОЗАЈМИЦА ВО САНДЕРЛЕНД.

-  Фабио Борини ќе игра на позајмица во Сандерленд

Напаѓачот на Ливерпул, Фабио Борини ќе игра во Сандерленд како позајмен играч во оваа сезона.
Италијанецот ги помина лекарските прегледи и ќе потпише договор со Сандереленд.
22-годишниот напаѓач беше донесе на "Енфилд" минатото лето, "црвените"  платија 10,5 милиони фунти на Рома.
Борини имаше сезона, полна со бројни повреди, кои му попречија да се наметне во Ливерпул. Тој успеа да постигне само два гола во 20 натпревари во сезоната 2012/2013.
Новото засилување на Сандерленд ќе се надева да добие повеќе шанси за докажување на "Стејдиам оф лајт".

ЛИВЕРПУЛ ГО ПРОДАДЕ ПАЧЕКО ВО ШПАНИЈА.

-  Напаѓач на Ливерпул конечно го напушти клубот

Напаѓачот на Ливерпул, Дани Пачеко си замина од "Енфилд" за постојано, откако беше продаден на шпанскиот тим Алкоркон, со кој потпиша договор за една година. Ливерпул нема да бара трансферна сума за услугите на 22-годишниот напаѓач, кој од неколку години го праќаше на позајмица во различни тимови во неговата татковина. 
"Сакам да му се заблагодарам од срце на Ливерпул за шесте прекрасни години, кои овој клуб ми ги даде. Засекогаш ќе останам "црвен", Ливерпул беше мојот дом и ќе го оставам многу пријатели овде", напиша Пачеко на својот профил на "Твитер".