- Ливерпил објави две нови засилувања
Англискиот Ливерпул официјално го објави трансферот на 20 - годишниот дефанзивец од Спортинг Лисабон Тиаго Илори. Не е јасно за колку години е договорот на фудбалерот и за каква трансферна сума премина на "Енфилд " . Еве какви беа првите зборови како фудбалер на "црвените " :
"Чувството да си фудбалер на Ливерпул е одлично. Моето пристигнување во Премиер лигата, секогаш било сон за мене. Според мое мислење тоа е најдобро првенство во светот. Ливерпул има одличен тим и мислам дека имам место во овој тим. Клубот има освоено многу трофеи во минатото и сакам да бидам дел од тоа".
Ливерпул го објави трансферот на Мамаду Сако, кој доаѓа од шампионот на Франција, ПСЖ. 23-годишниот Сако потпиша долгорочен договор, информираше Ливерпул, откако утринава ги помина медицинските прегледи. Трансферната сума не е откриена официјално, но се претпоставува дека станува збор за 12 милиони фунти.
"Мило ми е што сум овде, би сакал да им се заблагодарам на сите. Очекувам со нетрпение да го одиграм првиот натпревар".
"Знам дека навивачите на Пул се фантастични , тие се најдобри во Англија. Целта ми е да играм во Лигата на Шампионите со овој клуб . На ова натпреварување учествуваат сите големи клубови во Европа и тоа е нашата задача " .
"Односно историјата на Ливерпул, најмногу ме импресионира победата во финалето во Лигата на Шампионите, кога бев помлад. Се сеќавам, дека ова многу ме импресионира. Се надевам да создадам нов дел од историјата со фановите", дополни Сако .