CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Tuesday, 6 August 2013

ТАРАБТ ЌЕ ПРЕМИНЕ ВО ФУЛАМ...

-  Тарабт на чекор до Фулам

Менаџерот на Фулам Мартин Јол потврди дека напаѓачкиотт халф на Квинс Парк Ренџерс Адел Тарабт ќе биде земен на позајмица. Денес мароканецот ќе ги помине медицинските прегледи, по што ќе го финализира трансферот на "Крејвен Котиџ". Имено Мартин Јол беше човекот кој го донесе Тарабт во Англија, привлекувајќи го во Тотнем на почетокот на 2007 година. Ова лето Тарабт беше посакуван и од францускиот шампион ПСЖ.
"Се договоривме за сè со неговиот клуб. Останува само да ги помине медицинските тестови. Ако се е во ред, тој ќе не се приклучи. Ми се допаѓа неговата креативност. Таа понекогаш се манифестира и со фактот дека постигнува многу голови. Тој е како Димитар Бербатов - понекогаш овие фантастични таленти ќе бидат обвинувани, но јас ќе дадам се од себе да најдам начин да му помогнам да се уклопи со останатите момци. Мислам дека може да биде многу корисен, затоа што тој добро работи со топката ", сподели Јол .

И АЛ КАЕДА ПРОГОВОРИ ЗА ТРАНСФЕРОТ НА БЕЈЛ.

-  "Ал Каеда" мавтаа  со прст на Тотнем заради Бејл

Сагата околу трансферот на Гарет Бејл од Тотнем во Реал Мадрид ги изнервира и членовите на терористичката мрежа "Ал Каеда". Еден од лидерите на организацијата во Јемен - Ахмед ал Досари беше цитиран во италијанските медиуми да се заканува: 
"Евреите ќе платат за оваа алчност, се држат како бескрупулозни трговци". Како што е познато Тотнем сака огромни пари за Бејл, како се спомнува суми од редот на 120 милиони евра. Тимот на Тотнем има долги историски врски со еврејскиот народ од своето основање до денес. 

НЕРЕДИ ЗА ВРЕМЕ НА НАТПРЕВАР ОД ЛИГА КУПОТ.

-  Полициски коњ стапна стујард за време на немирите на дербито на Западен Ланкашир

Стујард беше однесен итно во болница со тешка повреда на рамото, откако беше стапнат од полициски коњ во нередите за време на натпреварот од Купот на Лигата меѓу Престон и Блекпул. Тој се обидел да ја запре инвазијата на теренот на фановите, но бил соборен од коњ и стапнат од втор коњ. 
"Тоа е проблемот на фудбалот. Ние зборуваме за кампањата за респект, но сеуште гледаме доволно инциденти во фудбалот. Навивачите едноставно си дозволуваат да трчат по теренот. Видовме да удираат голмани и не можеме да се научиме. Треба ли некој да биде прободен со нож, за да се запре со сето ова? ", рече лутиот менаџер на Блекпул - Пол Инс.


ДАУНИНГ ЌЕ ПРЕМИНЕ ВО ЊУКАСЛ ???

-  Ливерпул го пушта Даунинг во Њукасл со огромна загуба

Во Ливерпул се цврсто решени да се разделат со Стјуарт Даунинг, за реализација на оваа цел од клубот се подготвени да инкасират сериозна финансиска загуба во износ од околу 15 милиони фунти. Пред две години крилото беше донесено од Астон Вила за импресивни 20 милиони фунти, додека сега Ливерпул се подготвени да го продаде во Њукасл за скромните 5 милиони. Информацијата од "Ливерпул Екоу", каде што се тврди дека двете страни веќе изразиле подготвеност зделката да биде остварена. Останува самиот игра да ја објави својата одлуката, тој замолил за малку дополнително време, за да разгледа какви се можности има пред него. 

АНГЛИСКИТЕ КЛУБОВИ СЕ ПО-ПОПУЛАРНИ ВО САД.

-  Англискиот фудбал со добра заработка во САД


Големо е наддавањето за телевизиските права во САД. NBC плати 250 милиони долари за да го измести Fox и да ги пренесува средбите од Премиер лигата во наредните три години. Натпреварите од Премиер лигата стигнуваат до 4,7 милијарди гледачи во 212 земји во светот, а благодарение на телевизиите англиските клубови ќе добијат 8,3 милијарди долари за три години.
Турнеите се благонаклонети и за привлекување на лојални навивачи. Кога во мај Манчестер Сити играше два пријателски натпревари во Сент Луис и во Њујорк, ги продаде билетите за 20 минути. А шефовите на повеќе клубови забележуваат дека нивните фанови во САД веќе се повеќе отколку во Англија и на островот.
- Тоа е долгорочна стратегија за привлекување на поддржувачи - рече маркетинг директорот на Сити Диего Џилијани. - Се повеќе фанови ни се надвор од Велика Британија. И тие сакаат не само да гледаат на телевизија или на интернет, а бараат физички контакт со играчите.
Единствениот недостаток на задокеанските турнеи е тоа што се премногу заморувачки. Од крајот на сезоната во Премиер лигата во мај Манчестер Сити например отиде на четири континенти. Челси исто така запша една обиколка на земјата - во пролет играше демонстративен натпревар во САД, а потоа отиде во Тајланд, Малезија и Индонезија, а потоа се врати во Америка, за да игра на Guinness International Champions Cup.



ФУЛАМ РЕМИЗИРАШЕ СО БЕТИС.

-  Фулам и Бетис завршија со резултат 1:1

Екипите на Фулам и Бетис завршија при резултат 1:1 во контролен натпревар, играна на "Крејвен Котиџ". Домаќините поведоа во 13-тата минута преку Стив Сидуел, а во 53-тата Носа Игиебор го  израмни резултатот за конечни 1:1 .
Уште во 13-тата минута екипата на Фулам обезбеди предност во резултатот. По центрирање на Брајан Руиз од корнер, Сидуел удари топката со глава и даде предност на "котиџерс".
По погодокот Бетис беше подобриот тим на теренот, но не успеа да ја материјализира својата надмоќност.
Во 53-тата минута логично се случи и шпанците израмнија. Носа Игиебор буквално го "разнесе" Стекеленбург одблизу и го изедначи резултат 1:1. Шест минути подоцна Родајега ја турна топката во голот на Бетис, но погодокот беше поништен поради офсајд.

Во 84-тата минута Бербатов даде добар пас кон Демијан Даф, но голманот на Бетис Андерсен интервенира одлично. Две минути подоцна Карагунис исто така го тестира шпанскиот голман, но Андерсен повторно одбрани.
Состав на Фулам: Стекеленбург, Ритер (Хјуз 84), Хангеланд (к), Аморебиета, Ричардсон, Деџага (Даф 64) Сидуел, Боатенг (Карагунис 70), Руиз (Касам 80) Родајега (Меска 72), Димитар Бербатов.


БЕЈЛ СНИМИ РЕКЛАМА ЗА LUCOZADE.

- Бејл лице на рекламна кампања за 4 милиони фунти

Ѕвездата на Тотнем Гарет Бејл стана лице на рекламната кампања на спортскиот пијалок Lucozade. Слоганот на акцијата на водечката компанија во фармацевтскиот бизнис "Глаксо Смит Клајн" е "Јас верувам", а навивачите учат од клиповите дека производите на брендот хидратираат и даваат повеќе енергија отколку водата. Освен Бејл во рекламата учествува и крилото на Арсенал Алекс Окслејд-Чембрлен. Кампања на "Глаксо Смит Клајн" е во вредност од 4 милиони фунти и започна со емитување минатата недела на телевизија, на интернет и во печатените медиуми на островот.


МЕТ ДЕЈМОН СТАНА ФАН НА ЕВЕРТОН

-  Мет Дејмон стана фан на Евертон

Иако не е голем фан на фудбалот, холивудската ѕвезда Мет Дејмон веќе е подржувач на Евертон.
Ѕвездата од "Добриот Вил Хентинг" и трилогијата за Борн, се затекна со тројца играчи на Евертон во хотел во Беверли Хилс, каде го промовира својот нов филм "Елисиум". Клубот од Ливерпул пак е на летна подготовка во САД.
Леон Озман, Лејтон Бејнс и Кевин Миралас останале како покосени, откако го виделе 42-годишниот актер. Тие реагирале брзо и му подариле дрес на Ливерпул со автограми, по што природно се снимале за спомен со него.


БЕЈЛ САКА ДА ЗАМИНЕ, ТОТНЕМ ПАК САКА ПОВЕЌЕ ПАРИ !!!

- Тотнем чека од Реал Мадрид поголема сума за Гaрет Бејл

Полудефанзивецот на Тотнем и велшки репрезентативец Гaрет Бејл засега останува во Тотнем. Англискиот фудбалски клуб одби да води понатамошни преговори со Реал Мадрид, додека шпанците не го зголемат суштинскиот предлогот за трансфер на Гарет Бејл, кој во моментов е 80 милиони  фунти. Гарет Бејл не играше во пријателскиот натпревар со Монако. Официјалната верзија е поради повреда.
Според материјалот на мадридскиот дневен весник AS, Бејл дури и размислува да не се појави на утрешниот тренингна Тотнем, со што  ќе ги каже категорично своите барања пред клубот.
Тотнем ќе ја казни сериозно својата ѕвезда Гарет Бејл, ако велшанецот не се појави во вторникот на тренингот на тимот.
Во случај ако фудбалер № 1 на Премиер лигата ги пропушти активностите на клубот, тогаш тој може да биде казнет со сериозната сума од 70 000 фунти.
Во моментов Бејл се наоѓа во Кардиф, како одржува постојани контакт со агенти и чека развој околу трансферната сага.
Засега од Тотнем се категорични дека Бејл не се продава и фудбалерот треба да се појави во вторникот на тренингот на тимот, инаку е заплашен од сериозна парична казна.
НОВО: Сликата на Гарет Бејл од официјалниот профил на Тотнем во социјалната мрежа Twitter беше отстранета. Според различни извори, тоа е јасен знак дека ѕвездата на тимот ќе биде продаден во Реал Мадрид.
Пред неколку дена фотографии на Гарет Бејл и Клинт Демпси ја красеа страницата на клубот во мрежата, но во моментов тие се отстранети, на нивно место се поставени сликите на Јан Вертонген и Кајл Вокер.
Активностите на Тотнем само дополнително разгоруваат сагата за трансферот на велшанецот на "Бернабеу".

ХЈУЗ МУ ДАДЕ ВТОРА ШАНСА НА ПЕНАНТ.

-  Марк Хјуз ќе смета на Пенант

Менаџерот на Стоук, Марк Хјуз очекува Џермејн Пенант да ја искористи втората шанса кој доби во Стоук Сити.
Фудбалерот пристиг на "Британија" пред 3 години, прво беше позајмен од Сарагоса, но минатиот сезона влезе само на 2 натпревари во составот.
Следеше престој на позајмица во Вулверхемптон, а откако се врати во јануари, Тони Пјулис го заборави. Тој беше ослободен од клубот во текот на летото, но новиот шеф одлучи да му даде нова шанса и му предложи договор за 1 година.
"Тој го сака клубот и не сакаше да си замине. Еве како во фудбалот работите брзо се менуваат и тој ќе добие нова можност која сум сигурен дека ќе ја користи. Добро момче е, работи напорно. Понекогаш луѓето остануваат со погрешен впечаток, но според мене Џермејн едноставно сака да игра фудбал и сум сигурен дека ќе биде корисен ", рече Хјуз.
"За жал не успеавме да го земеме на турнејата во САД (поради криминални активности), но на тренинзите на младинскиот тим одлично се справи и јас сум многу задоволен", додаде шефот, кој ќе врати во своите планови и друг играч паднал во немилост - Вилсон Паласиос.

Monday, 5 August 2013

КАМЕРОН ЏЕРОМ ОД СТОУК НА СУД ПОРАДИ ОБЛОЖУВАЊЕ.

-  Џером на суд поради обложување

Фудбалската асоцијација го обвини напаѓачот на Стоук Сити, Камерон Џером поради неговиа поврзаност со групи за облози на фудбалски натпревари.
Обвинувањата не вклучуваат облози од страна на самиот напаѓач.
"Џером се изјасни за виновен по обвиненијата, читаме во соопштението од страна на ФА. - Независна Регулаторна Комисија ќе го сослуша и ќе процени дали случајот ќе биде даден на суд. "
Поради врските со обложување обвинение од ФА добие и извршниот директор на клубот од Лига 2 Фудбалската лигата, Акрингтон, Стенли Роберт Хејс.

МАРТИНЕЗ:ПОБАРА ТРПЕНИ ЗА ДЕУЛОФЕУ...

-  Мартинез за Деулофеу: Треба да сме трпеливи

Менаџерот на Евертон, Роберто Мартинез ги предупреди навивачите на Евертон да не очекуваат премногу од Жерард Деулофеу, бидејќи тој се уште е прилично млад.
19-годишниот напаѓач се приклучи на "карамелите" како позајмен до 2014 година од вториот тим на Барселона.
"Треба да сме трпеливи. Тој е млад, но може да се насладуваме на неговиот талент ", рече Мартинез пред официјалната телевизија на тимот. "Тој одлучи да дојде во Евертон и ние треба да се однесуваме добро кон него. Очигледно поседува талент кој ќе му помогне на тимот. "

AРТЕТА УБЕДЕН ВО НОВИ КЛАСНИ ЗАСИЛУВАЊА.

-  Артета: Клубот работи за трансфери на топ фудбалери

Вториот капите на Арсенал Микел Артета изјави дека раководството на клубот работи на засилување на тимот ова лето. Како што е познато, на крајот на минатата сезона од "Емирати" најавија дека поради стабилната финансиска состојба на клубот, Арсенал може да потпише со секој фудбалер, независно од неговата плата.
Артета ја превзеде  задача да ги смири приврзаниците на тимот.
"Клубот работи на трансфери на топ фудбалери. Се се наоѓа во рацете на раководството и јас сум убеден дека тие имаат намера да го засилат составот. Ако имаат можност да купат некого, тие ќе го сторат тоа. Но тешко ми е да кажам, дали ќе се направат некои договори до средбите од плеј-офот за пополнување на групите во Лигата на Шампионите ", изјави Артета.


АРСЕНАЛ И ТОТНЕМ, ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА МЛАД ТАЛЕНТ ОД БЕТИС.

-  Арсенал и Тотнем се заинтересирани за 18-годишен талент

Младинец на Бетис, Алваро Вадиљо предизвика огромен интерес од страна на два лондонски клуба. Според информациите, Арсенал и Тотнем сакаат да го видат во својот тим младото крило. Кое го привлече вниманието на Арсенал и Тотнем со сјајната си техника и брзина на донесување одлуки, со што силно потсетува на младиот Кристијано Роналдо, што му го донесе прекарот "Новиот Роналдо".
Алваро исто така влезе во историјата како најмлад играч кој дебитирал во Примера (16 години, 11 месеци, 16 дена).
За Бетис тој има 18 натпревари. 

ОФИЦИЈАЛНО: РЕМИ ВО ЊУКАСЛ.

-  Њукасл го објави трансферот на Реми

Напаѓачот на Квинс Парк Ренџерс Лоик Реми ќе ја продолжи кариерата во Њукасл, соопшти официјалниот сајт на "страчки". Според информациите следната сезона францускиот напаѓач ќе игра на позајмица за тимот предводен од Алан Пардју, притоа Њукасл се обврзува да ја плаќа целата плата на играчот.
"За мене е голема чест да играм за толку голем клуб. Ми беше многу пријатно кога во јануари сфатив дека Њукасл се интересира од мене и многу се радувам, што во текот на летото тие повторно го обновија своето внимание кон мене. Премиер лигата е најдоброто првенство во светот и токму тука сакам да играм. Многу сум мотивиран оваа година, затоа што сакам да се квалификувам со националниот тим на својата земја на СП 2014. Знам дека треба да имам голем и успешна сезона со Њукасл, за да го постигнам тоа ", изјави Реми.