УШТЕ ЕДНА ВОЗБУДЛИВА СЕЗОНА ЗАПОЧНУВА ВО "ЧЕМПИОШИП"

Долга сезона во која се натпреваруваат 24 екипи, секоја екипа одигрува по 46 кола. Многу интересно првенство со многу пресврти и голема битка по теренот, едноставно неизвесно, непредвидливо не заборавно првенство во кое секој фан ќе уживаа. Двете прво пласирани екипи на крајот од сезоната директно изборуваат пласман во Премиер лигата, а екипите од трето до шесто место на табелата влегуваат во плејоф серија. Третиот игра со шестиот а четвртиот со петиот, двете екипи кои ќе победат во овие дуели играат во финалето на плејофот. Победничката екипа освојува трофеј на плејофот, а со тоа изборува пласман во Премиер лигата. Екипите од 22 до 24 место на карајот на зесоната се селат во понизог ранг, односно Лига 1, а во обратна насока пак трите најдобри екипи од Лига 1 се селат еден ранг погоре во Чемпионшип.