Thursday, 1 August 2013

КЕВИН ДЕ БРУЈИН СЕ ВРАТИ ВО СОСТАВОТ НА ЧЕЛСИ

- Радост во Челзи: Кевин Де Брујин оздраве по повредата

Младата надеж на Челзи Кевин Де Брујин веќе е кај своите соиграчи во САД. Белгиецот заработи повреда за време на втората контрола на сините во Азија и беше изнесен на носилка.
За среќа на Де Брујин и Жозе Мурињо, повредата не беше тешка и сега тој ќе се врати во игра.
Уште не е јасно дали белгиското крило ќе игра против Интер  оваа ноќ. Самиот фудбалер призна дека е подготвен, но е премногу веројатно тој да го пропушти контролниот натпревар, за да не се добие непотребно усложнување на повредата..

ДОНКАСТЕР ПОТПИША СО ПОП ПЕЈАЧ.

-  Пејач на популарната поп група потпиша со Донкастер

Пејачот од британската поп група One Direction -  Томлинсон, ќе  се претстави со нов талент. Изненадувачки членот на бендот потпиша договор со фудбалскиот тим од родниот град Донкастер. Информацијата беше раширена од англиските спортски сајтови под натписот "водечка вест".
21-годишен Томлинсон,потпиша договор и го зеде дресот со број 28 на Донкастер Роверс. 
"Тоа отсекогаш беше мојот детската сон. Чест ми е што ме замолија да потпишам со Донкастер Роверс", рече пејачот.
Навивачите на поп групата сепак не треба да се загрижени дека миленикот ќе го напушти музичкиот бизнис. Томлинсон тргнува на турнеја со квинтетот, а како фудбалер најверојатно ќе се натпреварува претежно за вториот тим на Донкастер, целта е да се соберат пари за добротворни цели.


ЊУКАСЛ НА ЧЕКОР ДО РЕМИ ???

-  Њукасл е многу блиску до Реми

Напаѓачот на Квинс Парк Ренџерс, Лоик Реми може да ja започне следната сезона во Њукасл. Според информациите, двата клуба се наоѓаат во финалниот стадиум на преговорите за трансферот на францускиот фудбалер.
Се соопштува дека "страчки" го фокусирале своето внимание кон Реми откако не успеаја да се договорат со напаѓачот на Олимпик Лион Бафетимби Гомис.
Една од опциите е добивање на играчот на позајмица со опција за негово купување, ако Њукасл се согласи да ја обезбеди плата на играчот во целиот износ. Во јануари Реми можеше да избере Њукасл, но во последен момент играчот одлучи да премине во КПР.

ШКРТЕЛ Е БЛИСКУ ДО НАПУШТАЊЕ НА ЛИВЕРПУЛ, ПОГЛЕДНУВА КОН НАПОЛИ.

-  Наполи и Шкртел се договорија

Дефанзивецот на Ливерпул, Мартин Шкртел ги договори личните услови со Наполи, тврдат италијанските медиуми. Според информациите, "азурите" понудиле 3 милиони годишна плата, што било прифатено од словачкиот репрезентативец. Се соопштува исто така дека претставниците на англискиот тим веќе се наоѓаат во Неапол, за да ги договорат деталите од договорот. Извори тврдат дека најверојатно фудбалерот ќе премине на позајмица за една сезона со опција да биде купен по завршувањето на сезоната, а Ливерпул ќе добие одредена сума за позајмувањето на  својот дефанзивец.
Од почетокот на трансфер прозорецот Шкртел е цел на новиот менаџер на Наполи Рафа Бенитез, но агентот на дефанзивецот тврдеше дека нема како да се случи овој трансфер. Раководството на "црвените", пак, од своја страна, објавија цена од 14 милиони евра, што речиси го откажа италијанскиот тим, но очигледно двата клуба постигнаа договор.

ЕВЕРТОН Е БЛИСКУ ДО ПОТПИС СО МЛАД ИГРАЧ НА ВЕРОНА.

-  Евертон, блиску до младински репрезентативец на Италија

Евертон понудил 9 милиони евра за младата надеж на Верона Жоржињо, соопштуваат медиумите во Италија. Според информациите, "карамелите" освен износот понудиле и клаузула според која италијанскиот тим ќе добие 20% при нареден трансфер на играчот. Медиумите на апенините сметаат дека предлогот бил прифатен од новиот член во Серија А. и е многу веројатно полудефанзивецот  во новата сезона да заигра во Премиер лигата.
Во последните месеци се зборуваше дека кон младиот фудбалер има интерес од страна на Ливерпул и Милан, но до договор и не дојде. Жоржињо е младински репрезентативец на Италија и стручњаци му предвидуваат светла иднина на талентот.

ИНТЕРВЈУ:СО ГОЛЕМИОТ РАБОТНИК, ДЕЈВИД МОЈС

-  Дејвид Мојс:  Го заслужив своето место во Јунајтед

Сајмон Стоун, "Меил"

- Мистер Мојс, Гери Невил, изјави дека вашето назначување за тренер на Манчестер Јунајтед е победа на здравиот разум, бидејќи на "Олд Трафорд" бараат долгорочен план. И вие ли гледате работите така?
- Се надевам дека ова ќе инспирира повеќе тренери во нашата земја да мислат дека патот кон големите клубови не е затворен. Во последните неколку години беше многу тешко за британски тренер да се дојде до работа во голем клуб. Но јас, исто така, морав да си го заслужуам моето признание. Бев менаџер во Премиер лигата 11 години, во Евертон. Минав таму од долните дивизии, каде пред тоа го водев Престон. Требаше да ги освојам симпатиите, за да дојде до тоа ниво. Во тоа време патував многу во странство, на многу конференции и тренерски семинари, за да се обидувам и да се развивам како тренер. Сега некои претседатели на клубови земаат брзи и инстиктивни решенија и назначуваат различни тренери. Мојот пат беше друг. Мојот пат требаше да биде долг, бавен, прогресивен, и се надевам, се подобар. Се надевам дека  имало малку разум во одлуката за мене.
-  Ве изненади ли, понудата на Јунајтед?
- Манчестер Јунајтед секогаш биле наклонети да изберат малку на поинаков начин. Тие секогаш бараат долговечност и стабилност. Тие не се клуб кој го менува редовно својот менаџерот. Поради оваа причина јас се почувствував уште по пријатно кога ми понудија работа, бидејќи знаев дека тоа е клуб кој бара човек за доста долго време.
- Освен Јунајтед, првите 4-ри тимови во Премиер лигата ги ценат повеќе странските специјалисти. Тоа предизвикува ли поголеми очекувања од вас? Се надеваат ли се повеќето британски тренери да успеете, затоа што тогаш и тие би можеле да добијат таква шанса?
- Луѓето кои дојдоа во Премиер лигата, се одлични. Арсен Венгер прави одлична работа за Арсенал. Рафаел Бенитес имаше навистина успешен престој во Ливерпул и се справи добро и во Челси за краткиот престој таму. Жозе Мурињо заврши неверојатна работа во Челзи и секаде на друго место тогаш. Имавме навистина многу добри странски тренери, од кои сите имавме корист. Би било одлично доколку би можеле и ние да праќаме повеќе британски тренери во други земји, како што се Португалија, Шпанија или Германија. Би било одлично за развојот на самите тренери.
- Како играч на Данфермлин вие често сте оделе надвор од граница (во Англија), за да се гледате натпревари во слободниот ден. Тогаш дали некогаш сте се замислиле да станете тренер?
- Секогаш сум сакал да бидам дел од фудбалот. Но никогаш не мислев дека ќе имам доволно среќа да бидам менаџер, особено на ова ниво. Јас работев навистина здраво. Непосредно пред Светското првенство во Франција бев назначен за менаџер на Престон. Мораше да побарам Фудбалската Асоцијација да ме финансира затоа што сакав да одам на светското првенство и да учам. Пишав до сите земји за да ги праша дали можам да ги гледам нивните тренинзите. Единствената земја која ми одговори и рече "да", беше Шкотска со Крег Браун. А јас сум шкотланѓанец и веќе имав одено на сите нивни тренинзи. Имав билети за некои натпревари, но не беше доволно. Зедов еден мал автомобил, добив некое финансирање од фудбалската асоцијација. Едноставно не заработував доволно. На крајот правев обиколки со колата и дури спиев во неа неколку ноќи. Такви работи правев во обидот да  придобијам малку повеќе знаење.
Не беше ли  полесно, да ги следите  натпреварите по телевизија?
- Сакав да се обидам и да учам. Гледав како Крег Браун ги води тренинзите на Шкотска. Секогаш сум сметал дека е важно да се набљудува и да учиш, и да се обидуваш да станеш подобар. Сега не сум поинаков. Секогаш гледам. Кога бев помлад, отидов да го гледам тренингот на Милан. На денот кога Анчелоти беше отпуштен, ние го победивме Челси на "Гудисон" (2011). Карло стоеше во ходникот. Јас го видов и отидов да разговарам со него. 
Тој рече: "Ја изгубив работата и сега, Дејвид, јас ќе дојдам да ги гледам твоите тренинзи". Го прифатив тоа како голем комплимент.
- Колку време ќе ве однесе да се запознаете со играчите на Јунајтед? Сеуште не сте се сретнале со Хавиер Ернандез и Антонио Валенсија.
- Се е ново за нив сега. Во клуб како Манчестер мора брзо да ги запознаеш сите и начинот на работа. Како менаџер на тебе не ти се дава време, не можеш да посакаш време. Сè што можете да направите, е да се надеваш дека луѓето  имаат здрав разум и да видат до каде се обидуваш да стигнеш и што се обидуваш да направиш.
Дали сте силен? Ќе добиете многу мислења од секаде за сè, на пример трансфери. А и луѓето се нестрпливи.
- Идеалниот случај е да направите трансферите порано. Така би било подобро. Но од различни причини не беше можно да се остварат досега. Јас сум убеден дека ќе ги реализираме.
- Во Евертон моравте да се справите во рамките на ограничен буџет. Сега сте на највисоко ниво и гледате какви пари трошат Монако и ПСЖ, на пример. Многу се. А вие ќе треба да се натпреварувате со тоа.

- Тоа не е нешто од што Манчестер Јунајтед се плаши. Повеќе од среќни сме дека можеме да се натпреваруваме со сите тимови. Внимавајте промена во динамиката, бидејќи ПСЖ се појави на сцената во последно време. Тоа ги промени работите, но Манчестер Јунајтед секогаш ќе биде конкурентен ривал. Тоа е клуб со историја, со име, со успеси. Играчите сакаат да се дел од него и еден ден да кажат дека играле за Манчестер Јунајтед. Ова е голема движечка сила за секој играч.


РОЏЕРС: ИМАМЕ ПАРИ, НО ЌЕ КУПУВАМЕ САМО КВАЛИТЕТНИ ИГРАЧИ

-  Брендон Роџерс: Имаме пари за трансфери, но бараме класа

Имаме доволно средства, но нема да ги користиме само за да земеме фудбалер кој нема да му биде потребен на тимот.
Тоа го изјави менаџерот на Ливерпул Брендон Роџерс, кој потроши до сега околу 25 милиони фунти за нови засилувања.
Во текот на летото на "Енфилд" приставане Коло Туре, Симон Мињоле, Јаго Аспас и Луис Алберто, но сепак тренерот на Ливерпул продолжува да барате соодветни фудбалери за засилување на составот.
"Работиме напорно за да донесеме човек со соодветни квалитети, кој ќе ни помогне да ги оствариме нашите цели", коментира Роџерс.
"Располагаме со доволно средства да донесеме играч со потребните квалитеи, но ако тоа не се случи, нема да ги трошиме, само за да кажеме дека сме зеле некого"​​, додаде Роџерс.


ЛЕГЕНДА НА АРСЕНАЛ, ПИЕ ПО СЕДУМ ШИШИЊА ВИНО НА ДЕН ...

-  Легендарен дефанзивец на Арсенал е скршен и без дом поради проблеми со алкохол и коцкање

Легендарниот дефанзивец на Арсенал и на англискиот национален фудбалски тим Кени Сансом е скршен и бездомник поради проблеми со алкохол и коцкање, соопштува "Сан". 54-годишниот Сансом, кој на неколку пати во последните години преминуваше рехабилитациони програми, во моментов спие на клупа во паркот. 
"Бездомник сум од пред десет дена, бидејќи немам никакви пари. Јас сум алкохоличар. Не се чувствувам многу добро. Покрај тоа сум и коцкар. Живејам на улица. Не е пријатно да спиеш на клупа. Пијам колку што можам да соберам. Чекорам по лош пат. Од Арсенал се обидуваат да ми помогнат, но јас морам да си помогнам на самиот себе",изјави Сансом.  . Поранешниот лев дефанзивец има 86 натпревари за националниот тим на Англија. Тој ја прекине фудбалската кариера во 1994 година. "Сан" објави уште дека, единствените предмети на Сансом, освен една маичка и кратки гаќи, се "телефон со припејд картичка, картичка за градскиот превоз и банкнота од 20 фунти". Тој сепак продолжува да пие по седум шишиња вино на ден.

ЛАМБЕРТ ЗАДОВОЛЕН ОД СВОЈОТ ТИМ, АСТОН ВИЛА.

-  Ламберт: Астон Вила е полна со голгетери

Менаџерот на Астон Вила Пол Ламберт ја пофали напаѓачот моќ на својот тим по победата со 5:0 над Уоусол вчера.
"Ова е одлично. Повторно почнавме многу добро. Пресиравме. Се обидуваме да играме со повеќе додавања и стануваме се подобри во тоа. Дефинитивно има многу голови пред нас, тоа е сигурно."
Фабијан Делф и Габриел Агбонлахор погодија во првиот дел пред Бентеке, Грејлиш и Гарднер да погодат по паузата. Ламберт се зарадува на 5-те различни голгетерот и ги пофали напорите во секој дел на теренот:
"Важно е, ако можеш да распоредиш головите помеѓу многу луѓе. Тоа го направивме. Можеше да постигнеме уште голови. Бевме многу добри. Задоволително е, и тоа што имавме чиста мрежа. Бевме солидни насекаде. Изгледавме многу добро. Добро изгледаше и нашиот пресинг во текот на целиот натпревар."
"Се подобруваме се повеќе. Има малку време до првиот натпревар од сезоната со Арсенал." изјави Ламберт

ХАМАН: СИТИ Е ФАВОРИТ ЗА ТИТУЛАТА ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА.

-  Хаман: Мојс не купува, Мурињо не го бидува, Сити е фаворит

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и Ливерпул Дитмар Хаман верува дека тимот на Мануел Пелегрини е фаворит за освојување на Премиер лигата следната сезона.
"Манчестер Јунајтед не потпиша со никого. Останува да видиме дали некој ќе пристигне во клубот, но мислам дека Мојс има тешкотии со наоѓање на играчи. Не можам да замислам дека Фергусон нема потпишано со некого до сега, бидејќи имаше цели. Очигледно Дејвид Мојс треба да се соочи со фактот дека не е фигура од таков ранг. "
"Мислам дека тој е многу добар менаџер, и Јунајтед најверојатно ќе ја предизвика титулата, но очекувам Сити да е прв оваа година."
"Граѓаните" потрошија близу 100 милиони фунти за Хесус Навас, Фернандињо, Алваро Негредо и Стеван Јоветиќ ова лето:
"Мислам дека тие ги потрошија парите многу добро, ги пронајдоа слабости во составот од минатата сезона. За мене тие го имаа најсилниот состав минатата година, и дефинитивно тоа ќе биде така и сега. Ако сакаш да ја освоиш титулата во овој момент, ќе треба да бидеш подобар од Сити. "
"Тие се фаворити. Можеби се искажав малку глупо, велејќи дека треба да си подобар од Сити, за да ја освоиш титулата, бидејќи очигледно треба да си и подобар од останатите 19 тима. Но, мислам дека ако го победиш Сити оваа година, ако си пред нив на табелата, тогаш ќе бидеш победник во лигата. За мене ова е најсилниот тим, фаворит. "
Хама продолжи со зборови за Жозе Мурињо, како не верува дека Португалецот може да го повтори својот успех од предходниот престој во Челси:
"Не сум сигурен за Челси. Некои од играчите таму се пред крајот на кариерата. Тери, Лампард, Кол, Чех, па ќе видиме дали Мурињо ќе се справи со оваа ситуација. Тој направи голем успех во предходниот период со Челси , но сега не сум сигурен дека Челси може да го повтори тоа. Тие изгледаат многу добро во напад, но во дефанзивата имаат еден или два проблема на кои треба да работат. "

САЈТ НУДИ ТРИ ОПЦИИ ЗА НАПАЃАЧ ВО ФУЛАМ.

-  Три опции за нов партнер на Бербатов во нападот на Фулам

Пред неколку дена менаџерот на Фулам Мартин Јол објави дека на тимот му треба ефикасен напаѓач кој ќе го направи полесен животот на Димитар Бербатов. Според холандскиот специјалист, бугаринот има потреба од партнер во нападот, кој постигнува редовно голови, и сајтот squawka.com нуди три опции за бараниот од Јол напаѓач. И трите имиња се поврзуваат со трансфер на "Крејвен Котиџ".

 Еве ги и нив:

1.ДАРЕН БЕНТ-АСТОН ВИЛА

2.ПАБЛО ОСВАЛДО-РОМА

3.МАТЕЈ ВИДРА-УДИНЕЗЕ(ПОЗАЈМЕН ВО ВОТФОРД)

ПА ЧЕКАМЕ ОДГОВОР ОД ФУЛАМ И ЈОЛ ЗА ОВИЕ ПРЕДЛОЗИ ОД СТРАНА НА САЈТОТ - squawka.com

ИЛАРИО ОСТАНУВА ВО ЧЕЛСИ.

-  Официјално: Иларио го продолжи договорот со Челси

Голманот на Челси Енрике Иларио го обнови својот договор со клубот за уште една година, потврдија официјално од седиштето на "сините". Португалскиот голман беше доведен на "Стемфорд Бриџ" во 2006-та година од Жозе Мурињо, кога за прв пат тој беше на чело на лондончани.
Од тогаш 37-годишниот Иларио одигра само 39 натпревари за Челси, но изгледа среќен, и сака да остане уште во Лондон:
"Се чувствувам добро, да потпишав нов договор за уште една година со клубот. Многу сум горд. Навистина сум задоволен бидејќи ќе бидам дел од овој одличен состав и немам трпение да работам повторно со Мурињо," цитиран Иларио од  официјалниот сајт на Челси.


БЕРБАТОВ Е ПОЛА ТИМ НА ФУЛАМ...

-  Како Бербатов влијае на играта на Фулам

Сајтот WhoScored.com направи анализа на ефектот кој го покажал Димитар Бербатов врз играта на Фулам во сезоната 2012/2013. Според предложената статистика, резултати на лондончани се најдобри кога Бербатов игра на својот пост - напаѓач. Во средбите (26) во Премиер Лигата во минатата сезона, во кои 32-годишниот бугарин бил во улогата на напаѓач, тимот од "Крејвен Котиџ" има освоено просечно по 1,54 поени на натпревар и  победник во 38,5% од одиграни натпревари.
Минатата сезона Фулам одигра 6 дуелот без Бербатов и во нив тимот има едвај 0,67 поени по натпревар, освоени само 16,7% од овие средби. Во 6 дуелот Бугаринот бил во улогата на офанзивен халф и во нив лондончани имаат освоено само 0,5 поени по натпревар и не оствариле победа. Во исто време, интересно за одбележување е дека без Бербатов играчите на Мартин Јол постигнале повеќе голови (1,67 по натпревар), отколку со него во составот (1,46). Тимот пак добива најмалку голови во сопствената мрежа средно на натпревар кога Бербатов игра како офанзивен халф.


ВЕСТ БРОМИЧ АЛБИОН ПРЕГОВАРА СО КАЛУ ОД ЛИЛ

-  Вест Бромвич преговара со Калу

Тимот на Вест Бромвич преговара со репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Саломон Калу, извести The Sun.
Според британското издание "Албион" се подготвени да ја платат на Лил ослободителната клаузула во договорот на напаѓачот, кој изнесува 2,6 милиони фунти.
The Sun информира дека поранешниот играч на Челзи сака недела плата од околу 40 илјади фунти.

МУРИЊО СО ЧУСТВА КОН ИНТЕР, САКА ДА ГИ ПОБЕДИ УТРЕ ВО КОНТРОЛНИОТ НАТПРЕВАР.

-  Мурињо: Имам чувства кон Интер, но сакам да ги победиме

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо не крие, дека ќе се радува на средбата со својот поранешен клуб Интер. Двата тима излегуваат утре во пријателски натпревар, а португалецот се цели во победата, оставајќи ги чуствата на втор план.
"Ова ќе биде прв пат по финалето во Лигата на Шампионите во 2010 година, во кој ќе се видам со луѓето во Интер. Во мај 2010 година се видовме последен пат и сега повторно ќе се сретнеме. Имам само 6-7 играчи од моето време таму, но целиот тим е фантастичен. До голем степен сум поврзан со нив, па ќе е подобро да се видиме. Иако средбата е пријателска, секој ќе сака да победи и за време на натпреварот ќе заборавиме што чувствуваме. На ист начин морав да заборавам што чувствувам за Челси, кога го водев Интер. А тоа беше дуел во Лигата на Шампионите, не контролна средба.
Интер е добар противник. Не се многу тимови во Англија, кои играат на ист начин. Интер користи петмина дефанзивци, четворица халфови и еден напаѓач. Играат цврсто, директно и се добри при контра-напади. Ќе биде добар тест за нас" изјави Мурињо, цитиран во официјалниот сајт на Челзи.