Thursday, 1 August 2013

ЛАМПАРД УПАТИ ПРЕКРАСНИ ЗБОРОВИ ЗА МУРИЊО.

- Лампард со суперлативи  за Жозе Мурињо

Полудефанзивецот на Челзи, Франк Лампард го преплави со суперлативи својот менаџер Жозе Мурињо, и изјави дека очекува неговото присуство да биде позитивен ефект врз кариерите на помладите играчи.
"Своевремено Мурињо ми рече дека сум најдобар фудбалер во светот, но ако сакате луѓето да ме препознаваат, треба да освојувам титули и медали. Не знам дали навистина го мислеше или не, но дефинитивно тој знаеше како да го изнесе на виделина најдоброто од мене. Јас мислев дека треба да ги оправдам неговите зборови. 
За мене лично неговото враќање е брилијантно. Добро е тоа што привлекуваме млади играчи, бидејќи тие се иднината. Карактерот на нашиот менаџер ќе им помогне. Верувам дека ни претстојат возбудливи времиња ", заврши Лампард.

ЛИВЕРПУЛ СКЛУЧИ ДОГОВОР СО EM SPORTS.

-  Ливерпул склучи договор со EA Sports

Ливерпул официјално потпиша 3-годишен договор за партнерство со "Electronic Arts", која го развива најпопуларниот фудбалски симулатор FIFA. Играчите на клубот поминаа специјална фотосесија, која има цели да го фати и најситните детали од нивното лице, со цел да се креира еден пореален лик во претстојното издание на FIFA 2014. Партнерството вклучува уште и турнири, кои ќе се одржат на "Енфилд" меѓу обожавателите на играта, а освен тоа навивачите на Ливерпул ќе можат да ги испраќаат најдобрите погодоци од играта, учествувајќи за специјални награди обезбедени од англискиот клуб.
Комерцијалниот директор на Ливерпул Били Хоуган го изјави следново: "Почестена сме да работиме заедно со EA Sports, еден од водечките брендови во спортските забави. Знаеме дека многу наши фанови, па дури и играчите играат редовно FIFA, па ова ново партнерство ќе ги доближи обожавателите по-блиску до случувањата во клубот."

ХАМАН: СУРЕЗ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ !!!

-  Легендата на Ливерпул: Најдобро Суарез да си замине

Поранешниот фудбалер на Ливерпул Диди Хаман смета дека, ќе биде добро за клубот, ако се ослободи од напаѓачот Луис Суарез.
"Суарез пропушти 20 натпревари во последните две сезони и тоа треба да се има напредвид. Тој има целосна поддршка од страна на клубот, од навивачите, Суарез ќе ги пропушти првите шест натпревари од претстојната сезона и тогаш тој се обраќа и вели дека сака да си замине. Мислам дека би било најдобро и за двете страни, ако тој си замине ".
"За во иднина тимот ќе биде - подобар без него. Очигледно тој помогна доста на клубот, но со неговото заминување ќе можат да се обезбедат две - три квалитетни засилувања. Се надевам дека раководството ќе добие пари колку сака, но понекогаш треба да се жртвуваат еден или два милиони, за да може еден играч да си замине " изјави Хаман.

ВАЛЕНСИЈА ЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА ТОРЕС.

-  Агент: Валенсија се интересира за Торес

Агентот на напаѓачот на Челси Фернандо Торес ја потврди информацијата за интерес за неговиот клиент од страна на Валенсија. Како што е познато, вчера некои шпански медиуми објавија дека "лилјаците" пројавуваат интерес за шпанскиот репрезентативец,  има две варијантите тој да заигра на "Местаља"- позајмица за една сезона со право за трансфер или да биде купен за сума од 25 милиони евра.
"Нема што да коментирам, бидејќи мојот играч се подготвува за почетокот на сезоната во составот на лондонскиот клуб. Колку што ми е познато, Валенсија се интересира за услугите на Фернандо, но ние не коментираме такви работи до моментот во кој клубот не даде согласност за преговори. Дали Торес сака да игра за Валенсија? Ви реков, не коментираме такви работи, но еден ден тој сигурно ќе се врати во Шпанија ", изјави агентот Хозе Антонио Петон.
"Преговараме. Остана да се чека само одлуката на Челси, по што ќе се сретнеме со фудбалерот. Убеден сум дека овој трансфер ќе биде корисен и за двата клуба. Англичаните ќе добијат добри пари, а Валенсија ќе го донесе напаѓачот на репрезентацијата на Шпанија и многу познат фудбалер, кој ќе ни помогне да ги исполниме задачите во новата сезона ", изјави спортскиот директор на Валенсија, Барулио.


АС: ПОСТИГНАТ ДОГОВОР МЕЃУ РЕАЛ И ТОТНЕМ ЗА ГАРЕТ БЕЈЛ.

-  АС: Тотнем се согласи да го продаде Бејл за 120 милиони евра

Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид ќе го сруши трансфер рекордот во светот  на фудбалот, со привлекувањето на велшкото крило Гарет Бејл од тимот на Тотнем, тврди локалниот весник "АС". Според изданието, претседателот на лондончани Даниел Леви прифатил да се раздели со ѕвездата на тимот, трансферната сума за неговите права е околу 120 милиони евра. Гарет Бејл беше трансферна цел на голем број европски гиганти уште минатото лето, но тогаш велшанецот одлучи да остане со ветување на Леви, дека тој ќе добие право да преговара со друг клуб, ако Тотнем не успеа да се пласира во Лигата на Шампионите. "Спарси" завршија на петтата позиција на табелата во Премиер лигата и тоа предизвика реакција на Реал Мадрид, кој е подготвен да плати огромна сума од 120 милиони евра. Оваа сума ја надминува со 24 милиони, сумата која "Кралскиот клуб" ја плати на Манчестер Јунајтед во 2009 за правата на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо, пишува "АС". Уште не е јасно дали Реал Мадрид ќе ги плати сите 120 милиони евра на Тотнем, или во договорот меѓу двата клуба ќе бидат вклучени играчи како Фабио Коентрао, Анхел ди Марија и Лука Модриќ, кој пак го напушти токму Тотнем пред една година, за да отиде во Реал. Според различни информации, "Спарси" пројавуваат интерес и кон младиот талент на Реал - Алваро Мората. 

СОЛДАДО И ОФИЦИЈАЛНО ВО ТОТНЕМ.

-  Официјално: Солдадо е играч на Тотнем

Тотнем и Валенсија се договорија за трансферот на Роберто Солдадо, објави официјалниот сајт на "Спарси". Останува само 28-годишниот напаѓач да ги помине успешно задолжителните медицински прегледи, по што тој ќе стане третото ново засилување на лондончани ова лето.
Досега Паулињо, кој беше донесен од Коринтијанс за речиси 17 милиони фунти, и Насер Шадли - од Твенте (околу 7 милиони), потпишаа со клубот од "Вајт Харт Лејн". Се претпоставува дека трансферната сума која Тотнем ќе ја плати на Валенсија, е 26 милиони фунти. 
Солдадо, кој има 11 натпревари за националниот тим на Шпанија, постигна 30 гола во 46 натпревари за Валенсија минатата сезона.


СЛАВНИОТ КОВЕНТРИ СИТИ ПРЕД ЛИКВИДАЦИЈА.

-  Ковентри Сити може да исчезне од картата на фудбалот

Традиционалниот англиски Ковентри Сити се соочува со ликвидација и загуба на значителен број на поени, со што кризата во клубот се продлабочува само ден пред почетокот на новата сезона во третата дивизија на Англија. Тимот веќе се наоѓа под административна управа и ќе има последна средба на доверителите во петокот, како на неа треба да биде презентиран документ со гаранција за плаќање од страна на сопственикот на тимот. Друго од условите за излез од административно управување е потпишувањето на 10-годишен закуп на стадионот.
"Не притиснаа до работ на ликвидација, а сега се обидуваат да не турнат од него. Тоа е срамно. Не можам да разберам зошто едно јавно претпријатие не сака да ги земе парите кои му се должат, туку сака да предизвика ликвидација и да собере едвај 1/60 од нив. Тоа не е финансиската ситуација која ние ја сакаме. Во неа нема финансиска добивка. Всушност, стануваме сведоци на грабеж на клубот ", изјави извршниот директор на клубот Тим Фишер.
П.С: Пред десетина години се насладувавме на играта на Ковентри Сити во Премиер лигат. Со играчи како Хаџи, Роби Кин, Гари МекАлистер, Белами и остантите. Овој клуб е со голема историја жално е ако згасне !!!

МУРИЊО СО ПОСЕБНА ТЕТОВАЖА НАД ЛЕВАТА ДЛАНКА.

-  "Специјалната" тетоважа на Мурињо

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо си направи "посебна" тетоважа на зглобот со имињата на неговата сопруга Матилде Фари (Тами) и нивните две деца: Тит и Зука. Според англиските медиуми, тетоважата го чинела 50-годишниот португалец 80 фунти. Жозе и Матилде се запознаваат како тинејџери во Сетубал и во 1989 година и склучуваат брак. Во 1996 година се раѓа нивната ќерка Матилде (Тита), а во 2000 - нивниот син Жозе Марио Јуниор (Зука).

THIS IS LOVE!!!


ЏЕРАРД: СЕЗОНАТА НА ЛИВЕРПУЛ ЗАВИСИ ОД ЛУИС СУАРЕЗ...

-  Џерард: Сезоната ни зависи од останувањето на Суарез

Сезоната на Ливерпул зависи многу од Луис Суарез, категоричен е капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард. Уругвајскиот напаѓач сакаше да го напушти клубот во текот на летото, но главните кандидати за неговиот потпис Арсенал и Реал Мадрид не испратија прифатлива понуда до раководството на Ливерпул.
 "Тешко е да се заврши секоја сезона во првата четворка на првенството, бидејќи сами гледате со какви ресурси и фудбалери располагаат Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челси. За четвртото место се борат Ливерпул, Тотнем и Арсенал. Дали ќе бидеме четврти, или пак не , тоа зависи целосно од Луис Суарез. Ако го изгубиме како наш кадар, тогаш работите ќе станат уште потешки, особено при трансфер во Арсенал. Луис е еден од најдобрите фудбалери во светот. Во моментов најдобри играчи се Кристијано Роналдо и Меси, а веднаш по нив доаѓаат Гарет Бејл и Луис. Затоа и нивните имиња се толку актуелни, но ние треба да се потрудиме Суарез да остане кај нас. Зборувам со него секој ден, но сепак треба да го почитуваме и личниот избор на фудбалерот . Секој од нас е индивидуа и превзема сопствени одлуки ", рече Џерард.
НОВО: "Прекрасно ќе го разберам, ако тој замине во Реал Мадрид или Барселона, бидејќи е јужноамериканец. Како фудбалер е доволно добар за да игра за секој еден од овие два тима. Да, за неговото семејство, исто така ќе биде добро. Маскерано, Чаби Алонсо, многу од овие врвни фудбалери, со кои имав можност да играм заедно, сонуваа да играат во Реал или Барселона. Затоа сметам дека на местото на Суарез јас би го дочека предлог од еден од овие клубови ", смета Џерард.



ЕВЕРТОН СО ПОБЕДА НАД ЈУВЕ ВО САД

-  Пенали му донесоја успех на Евертон против Јувентус

Тимот на Јувентус дојде до реми 1:1 во контролниот натпревар против Евертон. Дуелот беше од турнирот "Гинес" и се одигра во Сан Франциско, САД. "Карамелите" прв го открија резултатот преку Кевин Миралас во 61-тата минута, но Квадво Асамоа го врати нерешениот резултат во 80-тата минута. Така требаше да бидат изведени удари од единаесет метри, по што Eвертон победи со 6:5 во пенал рулетот.
На тој начин англичаните си обезбедија место во полуфиналето, каде што го чекаат победникот од натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Лос Анџелес Галакси.
Евертон: Хауард, Бејнс (Овиедо 64'), Стоунс, Џагиелка, Гибсон (Осман 64'), Дистен, Миралас, Пиенар,Колман, Фелаини, Аничебе (Баркли 88').


ДЕФО ВОЗБУДЕН ОД НОВИТЕ ИГРАЧИ ВО ТОТНЕМ.

-  Дефо возбуден од новите засилувања во Тотнем

Напаѓачот на Тотнем Џермејн Дефо не ја криеше возбудата од класата на новите засилувања во тимот. "Спарси" веќе потпишаа со Паулињо од Коринтијанс и Насер Шадли од Твенте, а во наредните денови се очекува клубот да го договори и Роберто Солдадо од Валенсија. Со нив Дефо е убеден дека тимот ќе биде уште посилен во новата сезона. 
"Тоа се тројца играчи на највисоко ниво, кои ќе ја подигнат класата на Тотнем. Од нив досега само Шадли веќе е кај нас. Јас сепак му реков дека тука атмосферата е прекрасна и на него ќе му се допадне. Разбирам и зошто луѓето се возбудени од претстојниот трансфер на Солдадо. За мене исто ќе биде многу пријатно да играм заедно со него ", изјави Дефо.


ОДЛИЧНО ИНТЕРВЈУ СО "ПРОФЕСОР" ВЕНГЕР-(прочитајте го, многу е поучно)

-  Арсен Венгер: Во фудбалот има повеќе пари отколку талент

Сами Мокбел, "Дејли Меил"

 Г-дин Венгер, како Арсенал ги открива најдобрите таленти на еден толку конкурентен и глобализиран пазар?
- Една од нашите силни страни е, што младите играчи знаат дека ние ќе им дадеме шанса за докажување. Но она што се стремиме да го направиме е да ја претвориме нивната мотивација во успех.
- Но што значи некој да е мотивиран, и како успевате да останете мотивирани?
- За мене лично мотивиран е оној човек, кој е способен да ги избере оние средства кои му се потребни за остварување на дадени цели. На пример порано денес излегов да потрча во Сајтама, но не можев да го најдам патот назад. Бев мотивиран да се вратам во хотелот, но не можев да го пронајдам патот. Па јас се мотивирав уште повеќе и конечно го најдов патот кон хотелот.
- Но, што сакате да покажете со ова?
- Тоа покажува дека мотивацијата е од суштинско значење, но не е доволна. Ви треба исто така постојанство во мотивацијата и тоа се обидуваме да го тестираме колку е можно подобро во своите играчи. За мене тоа е многу поценет квалитет. Можев да кажам: "Добро, не можам да го најдам патот назад кон хотелот, па да се обидам дали можам да најдам такси". Но бидејки сум спортист, решив да не земам такси и да го пронајдам патот назад, без разлика колку време ќе ми биде потребно, па продолжив да трчам. Ова го мислам, кога велам да си доследен во мотивација, издржливоста на твојата мотивација. Ако ги погледнете луѓето, што постигнале успеси, ќе видите дека тие се доследни во својата мотивација. Многу луѓе што почнуваат диети на 1 јануари, од кои некои издржуваат до средината на јануари, други до средината на јуни, а некои продолжуваат долго време. Ние сме заинтересирани за оние кои продолжуваат, бидејќи тоа го прави еден спортист успешен. Тоа не мора да значи дека успешните спортисти се среќни луѓе, но значи дека се решителни и подготвени да се повредат себе, за да постигнат успеси. И токму овој тип играчи ги бараме ние. Луѓе кои  многу очекуваат од себе и помеѓусебе за долго време. Оваа конзистентна мотивација е применлива во фудбалот, бизнисот и сето она што го правите во животот.
- Каде ги барате овие таленти?
- Во целиот свет. Едноставно е. Поминав многу време во фудбалот и сеуште мислам дека е малку чудо колку брзо оваа игра стана популарна во целиот свет. Денес, кога нешто се случува во Лондон, во Сајтама го разбираат истата минута. Па тоа значи дека Арсенал е светски клуб и ние сме заинтересирани за таленти од целиот свет. Светот е мал. Пред одредено време мало момче од Сајтама никогаш немаше да има шанса да стане играч од светска класа, но денес ја има оваа можност. Бидејќи, ако поседува талент и решителност, тој некаде ќе добие шанса и тоа се обидуваме да правиме и ние. Се обидуваме да гледаме низ целиот свет, да трагаме по играчи кои имаат талент и желба, бидејќи за жал во фудбалот има повеќе пари отколку талент.
- Какво искуство имате во помагање на таленти и нивното претворање во играчи од светска класа?
- Сметам дека едно од најдобрите нешта при раководењето на луѓе е дека можеме да влијаеме позитивно на нивниот живот. Тоа е една од главните задачи на менаџерот. Кога ќе успеам да го направам, јас сум многу среќен. Тоа не е само дел од мојата работа, бидејќи најважно е да победувам, но тоа е многу важен дел. Во свет полн со ѕвезди, е важно да им кажуваш на играчите: "Ти уште не си ѕвезда, но можеш да станеш, и јас ќе ти дадам шанса". Во Арсенал се гордееме што го правиме тоа и сме се бореле против политиката за купување само на ѕвезди. Треба да разберете дека играч кој е ѕвезда, некогаш беше непозната личност, која имала талент. Ние сакаме да сме клубот кој ќе му даде шанса на такво момче.
- Вие работите со некои од нај-високо платени спортисти во светот, па колку голем фактор е егоизмот во вашата работата  како менаџер?
- Ако ме прашувате дали егото е голема, да. Треба да знаете дека човек, како и голема ѕвезда да е, е подготвен да те слуша, ако тоа му одговара на неговите потреби. И условот е тој да ве тестира прв. Дали менаџерот е способен да го направи таков играч каков што тој сака да биде. За жал во менаџерството не можеш да мамиш долго време. Кога си во тим од 30 лица, играчите го откриваат многу брзо слабостите на твојот карактер. Па моментот на вистината е, кога играчот ќе се соочи со вас. Тие следат и потоа се обидуваат да одлучат дали можеш да им помогнеш. Доколку сметаат дека ти си човекот кој може да им помогне, ќе почнат да те почитуваат. Следниот чекор е да одлучат дали се во тим кој може да им помогне да бидат успешни. Имавме проблеми, кога бевме финансиски ограничени. За многу играчи ние не поседуваат доволно ѕвезди, за да станеме успешни толку брзо како што тие сакаа. Се разбира, ова е еден од проблемите со кои се соочуваме во нашата работа.
- Вашата идејата за фудбалската уметност само преку резултати на теренот ли е применлива?
- Менаџерот е водич. Тој зема една група луѓе и вели: "Со вас можам да го направам тимот успешен, можам да ви го покаже патот." Но, прво треба да имате јасна идеја што точно сакате. Јасен концепт, кој ќе го направите разбирлив, за да можат тие да работат со вас, а тоа не е многу лесно. Затоа ми беше многу интересно да работам во Јапонија предходно, бидејќи треба да ги пренесете најточно своите идеи и треба да се адаптирате на разликите во културата. И понекогаш треба да ги подржите свои идеи дури тоа да е против резултатите.
- Има ли разлика во управувањето со луѓе во фудбалот и во бизнисот?
- Не сосема. Основната разлика е во тоа што во поголемиот дел од времето во бизнисот ти раководиш зрели луѓе. Во фудбалот работиш со 18 -, 19 - и 20-годишни. Одговорностите се доста големи за нив. Заборавиме дека овие играчи треба да играат под огромен притисок, пред 60 000 гледачи, со огромна одговорност да го добијат натпреварот. Не сум многу сигурен како јас би реагирал на тоа, ако бев на 20, богат, познат и голема ѕвезда - не е лесно да се справиш со тоа. Другата голема разлика е, ако работиш во канцеларија, можеш да користиш 70% од потенцијалот и пак да се справиш добро. Како фудбалер не можеш да користиш 70% од својот потенцијал и да играш подобро. И од тука доаѓаат стресот и напнатоста. Еден слаб играч може да ве чини натпревар. Секоја минута фудбалерот се тестира себе, а тоа го става телото под притисок, бидејќи знаете дека на теренот треба да си секогаш на 100%. Тоа е спортот на највисоко ниво.
- Има ли пазар во Европа за јапонски фудбалери?
- За менаџерот е сон да има јапонски фудбалер. Ако му кажеш да трча 10 круга, уште пред да си ја кажал реченицата, тој веќе ќе почнал да трча. Во Европа треба да го убедиш играчот дека треба да трча 10 круга.
- Кои се клучните состојки на еден победнички тим?
- Не треба да имате слаба позиција. Ви требаат  играчи кои се способни да ги решаваат натпреварите. Вит треба тим кој го спречува противникот да постигнува голови, како и добар голман и добра одбрана. Треба и да постигнувате голови. Треба ви играч кој може да ја подаде топката на друг, кој може да постигнува голови. Ако имате играч кој може да асистира за голови, тогаш вие секогаш ќе имате шанса да победи на натпреварот. Останатото се базира на тимската работа и однос.
- Како се справувате со тим во кој има толку многу култури?
- Ја создаваме наша сопствена култура. Во текот на годините сум работел со луѓе од 18 различни земји. Пример да доаѓаш навреме, не е исто за еден јапонец и за еден французин. Кога французинот задоцни за 5 минути, тој сеуште мисли дека дошол навреме. Во Јапонија, ако стасаш порано со 5 минути, сметаш дека си задоцнил. Тоа значи дека треба да создадеш нова култура и да воспоставиш правила на однесување, да создадеш тимска култура. На овој начин, кога некој ќе ја премине границата, можеш да кажеме: "Види, пријателе, не се договоривме така". Па затоа е важно да има јасни правила и секој да ги знае и да е согласен со нив.
- Имате ли метод со кој да го инспирирате својот тим, кога играчите се потиснати?
- Живееме во такви времиња, секој ти кажува што немаш. Поголемиот дел од времето јас му споменувам на тимот и на играчите за квалитетите кои ги имаат. Никој од нас не ги има сите квалитети на светот, но убавото е тоа што сите можеме да бидеме успешни, без да ги имаме сите квалитети. Играчите не треба да ги заборават квалитетите  кои ги немаат.
- Во бизнисот многу нешта зависат од личните цели на поединци.
- Успехот во животот е баланс помеѓу личните достигнувања и соработката со другите. Западот е целосно фокусиран на индивидуални достигнувања, треба да бидеш успешен независно од сè. Дури и ако треба да убиеш партнери, па дури и да треба да мамиш - само едно нешто има значење и тоа е индивидуалниот успех по секоја цена. Но јапонската култура е насочена повеќе кон соработката со другите, кон интеграција во колективниот дух на компанијата. Индивидуалното исполнување не се признава како колективниот успех. Но во Европа ние постапуваме по сосема друг начин, чувството на соработка со другите е драстично намалено. А среќата е поврзано со најдобар баланс меѓу двете. За тоа станува збор во тимските спортови. Добар фудбалер треба да чувствува дека може да се изразува, но исто така и да е корисен за тимот. Ако едно од двете недостасува, никогаш нема да бидете целосно задоволни. Тоа е магијата на тимскиот спорт.

АСТОН ВИЛА СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА ПРОТИВ УОЛСОЛ.

-  Астон Вила го победи Уолсол во пријателски меч


Во контролен натпревар во предсезонските подготовки екипата на Астон Вила ја забележа втора победа. Овој пат момчињата на менаџерот Пол Ламбарт, го победија на Банкс Стадионот тимот на Уолсол со 5 -0. Погодоците беа дело на Делф, Агбонлахор, Бентеке, Грелиш и Гари Гарднер. Најатрактивен за гледање е гола на Гарднер од 35 метри по изведувањето на  слободен удар.
Астон Вила( прво поливреме):Стиер, Бејкер, Бекуна, Ел Ахмади, Луна, Делф, Бентеке, Барк, Вајман, Агбонлахор.
Астон Вила(второ полувреме):Гузан, Лоутон, Кларк, Хелениас, Агбонлахор( Карадерс 61') Вествуд, Луна, Сила, Бентеке (Гарднер 61'), Вајман(Грејлиш 61'), Хард ( Донејсиан 61')

  





ГОЛЕМИОТ ФЕРГИ, СЕ ПРЕФРЛИ НА ГОЛФ.

-  Ферги се префрли на голф

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон најде соодветен начин да се наслади на своите денови како пензионер. 71-годишниот бивш фудбалски стратег е аплицирал за членство во клубот во Чешир, каде игра поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед Двајт Јорк. Во моментов Сер Алекс Фергусон игра голф во друг клуб, но сака да се пресели во новиот клуб, бидејќи тој се наоѓа во близина на неговиот дом.

ТHANK YOU-26  SIR ALEX !!!


ВАКА СЕ САКА КЛУБ, БРАВО ЗА ФАНОВИТЕ НА ЈУНАЈТЕД !!!

-  Навивачите успеаја!

Најголемата независна фан организација на Манчестер Јунајтед успеа да издејствува решение на судот во градот, што го признава "Олд Трафорд" за зграда од јавен инстерс. Акцијата беше одговор на шпекулациите дека семејството Глејзер имаат желба да го продаде "домот" на "црвените ѓаволи", иако во последните осум години сопствениците на Јунајтед вложија околу 90 милиони фунти во објектот.
Во официјалното соопштение од клубот се вели: "Тимот ја добие одлуката на градскиот суд. Се разбриа дека "Олд Трафорд" е посебно место - тоа е срцето и душата на тимот. Клубот мисли на ист начин и затоа во последните осум години вложи 90 милиони фунти во објектот и ќе продолжи. "
Извршниот директор на организацијата, виновна за тоа решение, Данкан Драсдо ја коментира одлуката на судот вака: " Ги цениме добрите намери на сопствениците, и недостатокот на желба да го преместат или продадат" Олд Трафорд ", но тоа решение ќе важи и за иднина, кога никој не знае што може да се случи. Продолжуваме да се обидуваме да изградиме вистинска, здрава врска со Манчестер Јунајтед. Со нетрпение очекуваме успешна сезона, како на теренот така и надвор од него".